Македонија

Коњановски: Битола се гради со засилено темпо, над 80 проекти во реализација

Тековните и планираните проекти во градот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на прес-конференција информираше за тековните и планираните проекти во градот, нагласувајќи дека во моментов се реализираат над 80 проекти со поддршка од Владата и дека се работи на 21 локација. Тој истакна дека и покрај проблемите што се јавуваат на терен, општината континуирано работи на нивно решавање, потенцирајќи дека Битола бележи најголем инфраструктурен развој во последните години.

„Работата не може секогаш да биде совршена, но секогаш сме подготвени да се извиниме, да корегираме и да продолжиме напред“, изјави Коњановски, додавајќи дека локалната самоуправа има силна поддршка од Владата.

Во делот на детската заштита, тој информираше дека се работи на отворање нови градинки со цел намалување на листите на чекање. Новата градинка во Нова Битола е завршена и ќе згрижува 153 деца, додека градинката во АРМ, со капацитет од 246 деца, е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана до крајот на третиот квартал.

Коњановски се осврна и на изградбата на улицата „СРУ5“, која ги поврзува „Партизанска“ и „Крушевска Република“, посочувајќи дека станува збор за значаен сообраќаен проект со велосипедски патеки. Во однос на трансформаторот на трасата, нагласи дека решението е согласно постојната проектна документација и дека паралелно се работи на негово надминување. Како капитален проект ја посочи и новата противпожарна зграда во поранешната касарна, која се гради на површина од 3300 квадратни метри, со инвестиција од над 52 милиони денари од општинскиот буџет и дополнителен грант од околу еден милион евра.

Во однос на сообраќајната инфраструктура, градоначалникот информираше дека се реконструирани и изградени 53 километри патишта, а се работи и на булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп, проект кој, како што рече, е од стратешко значење за градот. Дополнително, најави изградба на шест нови паркинзи со над 150 паркинг-места, како и реализација на бројни спортски проекти, меѓу кои реконструкција на училишни игралишта, изградба на спортски сали и нови спортски терени.

Коњановски истакна дека општината обезбедила и средства од европски фондови, вклучително и еден милион евра за реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на повеќе улици. На крајот, најави почеста комуникација со медиумите, со редовни брифинзи двапати месечно, со цел навремено информирање на јавноста за сите тековни активности.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите на граѓаните, затоа ја добивме довербата од нив!

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање денеска при претставување на „Градскиот воз“ истакна дека и покрај сите предизвици во Европа како наш најголем трговски партнер, сепак трендот на раст на бруто-домашниот производ се очекува да продолжи и оваа година и  да изнесува некаде меѓу 3,5 и 4% проценти.

„Н.М.“: Македонија има причина да биде во Европа, со свој идентитет и јасно дефинирани македонски интереси, но не безусловно!

Исландскиот референдум не треба да биде лекција против Европската Унија, туку лекција за самодоверба во преговорите. Исланѓаните не рекоа: „ЕУ не ни треба“. Тие рекоа: „Ние ќе одлучиме кога, како и под кои услови ќе разговараме за нашата иднина“. Тоа е демократска зрелост. И токму таква зрелост ѝ треба на Македонија. Не да му каже „не“ на Брисел. Но ниту автоматски да кажува „да“ на секое барање. Туку да научи да кажува: „Ова е нашиот интерес. Ова можеме да го прифатиме. За ова можеме да преговараме. А ова не можеме да го прифатиме“. И тоа да го каже аргументирано, мирно и европски. Ова се нагласува во анализата со наслов „Македонија има причина да биде во Европа, но како своја и со својот изворен идентитет и карактер“, која е објавенма денес „Нова Македонија“.

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Најнови вести

To top