Свет

Нискобуџетни авиокомпании побараа државна помош поради скапото авионско гориво

Зголемувањето на цените на горивата поради војната на Блискиот Исток ќе доведе до значително повисоки цени на авионските билети, но не се очекува цените на билетите да се намалат кога цените на горивата ќе бидат пониски, изјави извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“, Скот Кирби.

Група американски нискобуџетни авиокомпании побараа од владата на Соединетите Американски Држави пакет помош од околу 2,5 милијарди долари за ублажување на последиците од зголемувањето на цените на керозинот. Според анонимни информирани извори, барањето се базира на проценка на дополнителните трошоци, со претпоставка дека просечната цена на горивото ќе остане повисока од четири долари за галон до крајот на годината, објавува „Волстрит џурнал“.

Претставници на секторот за нискобуџетна авијација разговараа во Вашингтон со Министерството за транспорт на САД и Федералната администрација за авијација, по што нивното барање беше проследено до Белата куќа. Во наредните денови се очекуваат преговори за можен пакет помош, додадоа изворите. Зголемувањето на трошоците за гориво веќе ги принуди големите американски авиокомпании, да ги ревидираат своите годишни прогнози надолу поради повисоките оперативни трошоци.

Зголемувањето на цените на горивата поради војната на Блискиот Исток ќе доведе до значително повисоки цени на авионските билети, но не се очекува цените на билетите да се намалат кога цените на горивата ќе бидат пониски, изјави извршниот директор на „Јунајтед ерлајнс“, Скот Кирби. Тој рече дека повисоките цени на билетите се поттикнати подеднакво од големата побарувачка за патувања, како и од цената на горивото, и дека и покрај повисоките цени на билетите, патниците резервираат билети во рекорден број кај многу авиокомпании, пренесува Еуроњуз Србија.

Најнови вести од: Свет

Марта Кос ќе го претстави Пакетот за проширување на ЕУ за 2026 година

Европската комисијата вели дека историскиот ревизионизам, негирањето или глорификацијата на воените злосторства и провокативната реторика се „некомпатибилни со вредностите“ врз кои се темели процесот на пристапување

Демократите го освоија Конгресот – тежок удар за Трамп

Со контролата на Претставничкиот дом и на Сенатот, демократите ќе можат да ги попречат плановите на претседателот Трамп за следните две години, па дури и да се обидат по третпат да покренат постапка за негов отповик

To top