Десетици милиони гласачи го „казнија“ претседателот Доналд Трамп на вчерашните избори за двата дома на американскиот конгрес.
Демократите редеа победи една по друга, обезбедувајќи контрола врз Претставничкиот дом, притоа преземајќи низа клучни изборни области и остварувајќи резултати значително подобри од оние на претседателските избори во 2024 година.
Демократската партија навлезе длабоко во републиканските упоришта, освојувајќи изборни единици во кои претседателот Доналд Трамп победил со разлика од 10 или повеќе процентни поени во 2024 година.
Трамп изјави дека ќе ги прифати резултатите од меѓуизборите, припишувајќи ги републиканските порази на фактот дека тој не бил на гласачкото ливче.
Во изјава за „Фокс њуз“ тој призна дека војната во Иран претставувала товар за републиканските кандидати, но истовремено тврдеше дека гласачите го поддржале начинот на кој тој се справил со таа ситуација.
„Мислам дека дел од причините лежи во Иран, но истовремено, луѓето ја разбраа важноста на она што го направив во однос на Иран“, рече тој.
„Американците рекоа ’не‘ на војната“, вели претседателот на иранскиот парламент.
Реагирајќи на резултатите од меѓуизборите, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Бакер Калибаф, објави на платформата „Икс“:
„Како што штотуку споменавме, Трамп призна дека војната во Иран одиграла улога во поразите на републиканците“
Трамп признава дека војната во Иран придонела за поразите на републиканците“.