Македонија

Исплата на „МојДДВ“ за третото тримесечје

Повратот се однесува на фискални сметки скенирани од јули до септември

Граѓаните кои во периодот од јули до септември годинава ги скенирале фискалните сметки преку апликацијата „МојДДВ“ наскоро ќе го добијат повратот на дел од платениот данок на додадена вредност.

Исплатата за третото тримесечје од 2026 година треба да се реализира најдоцна до 30 ноември, иако Управата за јавни приходи засега не го соопштила точниот датум кога ќе започне префрлањето на средствата.

Максималниот поврат за едно лице во ова тримесечје изнесува 2.100 денари. Конечната сума, сепак, зависи од бројот и вредноста на прифатените фискални сметки, како и од пресметаниот ДДВ.

Според правилата, за купени македонски производи и услуги се враќаат 20 проценти од пресметаниот ДДВ, додека за останатите производи и услуги повратот е 10 проценти.

Ако сите четири члена на едно семејство ја користат апликацијата и го остварат максималниот износ, заедно можат да добијат до 8.400 денари за едно тримесечје.

Пред исплатата, корисниците треба внимателно да проверат дали во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено точни и ажурирани податоци за трансакциската сметка.

Ова е особено важно за оние кои во меѓувреме ја смениле банката или ја затвориле претходната сметка, бидејќи неточните податоци може да предизвикаат доцнење на исплатата.

Мерката „МојДДВ“ продолжува и во 2026 година. Според претходно објавените податоци, во текот на 2025 година на граѓаните им биле вратени повеќе од 3,47 милијарди денари, односно околу 56,4 милиони евра.

Најнови вести од: Македонија

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

На четвртата конференција за дигитализација на АмЧам се обрати и министерот за дигитална трансформација во Владата, Стефан Андоновски, чие излагање беше посветено на креирање на услови за идните индустрии. На конференцијата зборуваа и претставници на ЕВН Македонија, претставници на ТИТАН Усје, Телеком на други компании од земјата.

Клековски: Ќе се основа самостоен Центар за итна медицинска помош Скопје, што може да се прошири на другите градови!

Министерот за здравство Сашо Клековски попладнево се огласи на Фејсбук по коментари за негова објава и даде објаснување што се прави со Итната помош.

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не се штитат со отворени писма, туку со одржливи правни решенија!

Министерот за правда Јетон Шасивари му одговори на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, оценувајќи дека ова прашање не треба да се претвора во партиско наддавање и меѓусебни обвинувања.

Средба Мицкоски-Варнс за македонско-американските односи и стратегиското партнерство

Македонско-американските односи, стратешкото партнерство, билатералната соработка и можностите за нејзино натамошно унапредување, биле тема на денешната средба на претседателот на Владата Христијан Мицкоски со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс.

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта слика на ѕид!

Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, во продолжението на амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2027 година, во реплика кон Лукаревска, а во врска со амандманот на СДС за обезбедување на средства од републичкиот буџет, за реконструкција и рехабилитација на улица „50-та Дивизија“, истакна дека вакво барање, по претходно собрани потписи на жителите на улицата, било поднесено до Општина Центар, пред повеќе од три години, а Општина Центар и СДС се сетиле дури сега.

To top