Македонија

Не си ич и ти добар – Што му напишаа на Филипче кога се закани дека ќе ја запирал владата на ВМРО-ДПМНЕ да не бега

Катастрофални коментари на партискиот профил на СДСМ за лидерот на партијата

Кога македонски политичар ќе објави преку медиумите некој став или мислење на одредена тема граѓаните добива разни коментари.

Некои се лоши некои добри, членовите на партијата му даваат поддршка, активисти на други партии го критикуваат.

Кога ставот е објавен на партиски профил каде огромен дел од следачите се партиски активисти тогаш доминираат фалби за политичарот.

Кај лидерот на Филипче нема разлика каде објавува, а критиките му се доминантни и на ставовите објавени на личниот или партискиот профил на Фејсбук.

Во случајот со објавата на Филипче на личниот профил каде вели дека Груевски избегал ама тој лично нема да дозволи оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ да избега коментарите се неверојатни.

Речиси да нема коментар со поддршка а критиките од кои голем дел се на раб на лични навреди не се ни бришат.

Освен тоа што никој не верува во зборовите на Филипче голем дел од коментаторите му одговараат дека тој ќе оди в затвор.

Дел од коментарите не се за јавна објава а дел може да прочитате во продолжение:

Ич не си и добар!!!!!

Овој ти бил Монти Пајтон😂

Сега ти си на ред за бегање.

Аман бе докторе доста со плачење напрајш си прво партија, членство па после се 😭

Никола Груевски апсолутно нема никаква вина, туку вие никако не можевте да дојдете на власт, па формиравте СЈО, па техничка влада. Значи господа, треба да знаете едно, кога сте на власт треба да работите на проекти, а не да се занимавате со менување на знаме, име на државата, непринципиелни договори и да не се занимавате со тоа кого ќе обвините и носите во затвор. Треба само работа и само работа.

МЕНГЕЛЕ ПРЕСТАНИ ВИШЕ ДА СЕ ГЛУПИРАШ И БРУКАШ СО ТВОЈТЕ НЕКОНТРИЛАРНИ ГЛУПАВИ ИЗЈАВИ , ЛОПОВУ ПОДОБРО Е ДА РАЗМИСЛИШ ТИ КАДЕ ЌЕ ИЗБЕГАШ И КАДЕ ЌЕ СЕ СКРИЕШ , КАДЕ И ДА ОДИШ ПРАВДАТА ЌЕ ТЕ СТИГНЕ АПАШУ , И ПРЕСТАНИ ДА СЕ СЕКИРАШ ЗА ДРУГИТЕ . ЗА ЖАЛЕЊЕ СИ , ЗА ПОДСМЕВ СИ КАЈ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ.

Овој забега дефинитивно

А зошто да бегаат и ти си за во затвор и уште се бориш за власт.

ТЕБЕ БАТЕ СТРАЧКАТА СО СЕ ЈАСИКА ТИ ИЗБЕГАЛА НЕ СЕ ЛЕЧИШ ПРОБАЈ БАРЕМ МАЛКУ ДА СПРЕЧИШ

Кратки те се панталоните за друго ти си знајш. Ај терај..

Докторе, вакви изјави се за пред коперација или гранапче 😁

За некои нема лек, трагедија

Што не го запрат малку

Ја да сум на твое место би си ја угасила странава. Потоа би се бутнала во некоја небиднина да се самоказнам за геноцид, мафијашкук и уништување на народ. И би се молела до крај на животот Господ да ми прости.

Гледај ти да избегаш

ГРУЕВСКИ НЕ ИЗБЕГА ПОЈДЕ НАГОСТИ КАЈ ОРБАН. ТИ КАЈ ЌЕ БЕГАШ ТИ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ, САМО БУГАРСКИ ПАСОШ МОЖЕ ДА ТЕ СПАСИ..

Оф леле. Докторе не ти оди Премногу долги ви се опашките од претходното владеење.

Мизерен и јаден до немајкаде

Ова веќе не е комедија него дијагноза – после ова др. Филипче не очекувајте ни влез во топ 5 изборна листа на следните избори….

Груевски не избега туки си излезе благодарение на вас, така да доста не заморате со те едно исто. А што се однесува за одговарање пред надлежните државни органи треба ти првиот да одговараш.

Нешто како затнат сте во носот. Од Јон изгледа ве има префатено вирусот…

Избори чекам, како смртна казна за вас ќе бидат следните избори ! Само избори и да ве снема еднаш за секогаш и од фб и од секоја политичка сцена, зато шо сте неспособни.
Па после ќе се насочиме на тој еден државен непријател а тоа е ДПМНЕ

Друже на тебе памето ти избегал 😬 🤡💩

Прочитај само дел од коментарите , гаси партијата , и фрли клучо никој да не може да го најде 😆

Сите коментари на линкот:

Што кажа Филипче:

Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

Никола Груевски, можеби избега, ама јас кажувам дека овие сега нема да избегаат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во интервју во емисијата „Трилинг“. Филипче нагласи дека секој што сторил злоупотреби мора да сноси одговорност, и додаде дека сегашнот систем на власта не обезбедува правда поради силното политичко влијание. Тој нагласи дека не смее да има селективна правда и дека граѓаните не можат да очекуваат правичен систем во услови кога институциите се под контрола на власта.

„Никола Груевски, можеби избега, ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат. Секој треба да понесе одговорност за се што правел. Ама не може овој систем, како што вака го контролира премиерот, било кој граѓанин да очекува, правда и неселективност“, рече Филипче.

Тој додаде дека политиките што сега ги води премиерот Мицкоски, се идентични на оние од времето на Никола Груевски.

„Сите се сеќавате на тефтерчето од времето на Груевски. Ист е системот. Тие судии и обвинители се поставуваат сега на позиција.Прашавте што е разликата помеѓу ВМРО на Груевски и ВМРО на Мицкоски, нема разлика, иста организирана криминална група. Луѓе кои што го зграпчија државниот буџет, излажаа дека ќе се борат за националните интереси, дека ќе го вратат името, дека ќе ја подобрат преговарачката рамка, дека ќе го поништат договорот за добрососедство со Бугарија, а што направија буквално ништо. Го зграбија буџетот и го користат само за да ги пљачкаат народните пари преку тендери на свои компании блиски до ВМРО ДПМНЕ“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Најнови вести од: Македонија

Акција на МВР околу незаконскиот интернет-пазар „OLVX“ во тетовска Голема Речица – ФБИ од САД вклучени во случајот

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по првично добиени информации од ФБИ, спроведе заедничка координирана истрага поврзана со нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“. Секторот за компјутерски криминал продолжува со преземање мерки и активности за целосно расчистување на случајот, заради идентификација на сите вмешани лица и обезбедување релевантни докази, согласно со важечките законски прописи.

ЗНАМ: Кој го води СДСМ, Филипче или Спасовски?

Во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, велат од ЗНАМ посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието

Злато за Македонија: Дамјан Давков е најдобриот математичар во Европа

За земја со помалку од два милиони жители, освојувањето на златен, сребрен и бронзен медал на првото издание на Европската математичка олимпијада претставува исклучителен успех и потврда за квалитетот на македонските млади математичари.

To top