Македонија

Два пожари опустошија 20 хектари шума во кумановско

Пожарите вчера зафатиле букова и дабова шума во Ваксинце и Арбанашко, а наместа уште тлеат

Пожарот во Ваксинце избувнал попладне и траел со часови. Интервенирале екипи од ТППЕ Куманово и шумарски служби.

„Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала со едно возило и четворица пожарникари“, соопшти РЦУК Куманово.

Од Шумско стопанство Куманово информираа дека пожарот бил локализиран во 19:53 часот, а според првичните проценки, опожарени се околу десет хектари, објавува Плусинфо.

Во Арбанашко, пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане интервенирале со повеќе возила и екипи.

„Интервенцијата траела до 02:15 часот по полноќ со три возила и девет пожарникари“, соопштија надлежните служби.

Поради непристапниот терен, пожарите се гаснеле рачно со грбни пумпи. Иако се ставени под контрола, делови од шумата сè уште горат.

„Во моментов горат букови трупци со обем од околу еден метар, за чие целосно гаснење ќе биде потребно дополнително време“, се вели во извештајот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top