Македонија

Mечките на Шар Планина ќе добијат заштита

Националниот парк Шар Планина се приклучува на нов европски проект за зачувување на кафеавите мечки, со цел долгорочна нивна заштита

 

 

Проектот LIFE DinPin Bear ќе се спроведува до 2031 година во девет европски земји. Како дел од активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување стапици со камери и собирање научни податоци за дистрибуцијата и движењето на кафеавите мечки (Ursus arctos).

Паркот информира дека некои од инсталираните камери веќе се оштетени, најверојатно од мечки во потрага по храна, што укажува на нивно активно присуство на територијата.

Според податоците од 2025 година, популацијата на мечки во паркот покажува стабилен тренд, со зголемен број на младенчиња. Главните предизвици се отпадот и човековото вознемирување, додека се регистрирани и поединечни случаи на материјална штета.

Националниот парк ги повикува посетителите и локалното население да не оставаат отпадоци и храна надвор и да ги почитуваат природните живеалишта, со цел да се избегнат несакани средби со диви животни.

Проектот предвидува активности за намалување на фрагментацијата на живеалиштата, подобрување на коегзистенцијата меѓу луѓето и мечките, зајакнување на управувањето и законската рамка, како и промовирање на прекуграничната соработка и вклучување на локалните заедници.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top