Македонија

Од утре во употреба и клучката кај Требеништа од автопатот Охрид – Кичево

Вицепремиерот Николоски и директорот на ЈПДП, Трајановски, заедно извршија увид во градежните работи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за утре најави свечено пуштање во сообраќај и на клучката кај селото Требеништа во рамките на автопатот од Охрид до Кичево.

„На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.
Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево.
Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни.
Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.
Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата.
Ја градиме Македонија!“, порача Николоски,м кој на увидот на работите беше придружуван од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Најнови вести од: Македонија

To top