Македонија

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија, истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини, надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што секојдневно стигнуваат од опозициската партија, посочувајќи го како пример демантот на тврдењата на опозицијата од самиот известител за Македонија од Европскиот парламент Томас Вајц.

Според претседателот на Владата, раководството на СДСМ не нуди конструктивна дебата туку прави „внатрешна мобилизација за да остане во живот на следните парламентарни избори кога ќе имаат поголем пораз од 2024 година“.

-Тоа го прават преку лажење, па кој поверува – поверува, рече Мицкоски.

Наведе примери со кои СДСМ ја лажеле јавноста – рече дека ширеле паника оти буџетот е празен и ќе нема плати и пензии, дека е зголемен долгот и буџетскиот дефицит и државата ќе банктотира.

-Не само што не банкротираше, туку според сите параметри е држава за пример во регионот, изјави Мицкоски.

Како што рече, невистинити се покажале тврдењата на СДСМ дека во април ќе се доселат мигранти, во согласност со стратешкиот договорот со Обединетото Кралство, дека поради ИПАРД земјоделците се блокирани, за што, рече, дошол демант од ЕК од Брисел, исто како што и евроизвестителот Томас Вајц истиот ден ги демантирал обивнувањата од СДСМ во едно интервју.

-Тоа говори за длабоката психолошка состојба во која се наоѓаат. Кога ќе видите какви пораки праќаат и што зборуваат, загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ. Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија, истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите.

Рече дека ја предупредува македонската јавност дека во периодот што следува обраќањата од партиската говорница на СДСМ ќе бидат само со една цел – „по поразот на следните избори да останат и да најдат некакво алиби дека изборниот процес не бил фер“.

-И да не ве зачуди ако воопшто и не учествуваат на тие избори, како што сега ја напуштаат комисијата за Изборниот законик. Можеби ќе кажат дека ќе нема фер избори, иако техничката влада ќе важи за следните избори. Но ќе ризикуваат да ги изгубат сите можности што им се нудат. Ако одлучиле така да се однесуваат, ние не може да им помогнеме, ние сме фокусирани на граѓаните, додаде Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Шилегов: Филипче треба да поднесе оставка, поради катастрофалниот рејтинг! – Сосила не може да му се даде памет!

„Не можеме ние претседателот Филипче да го принудиме да поднесе оставка. Ама ако ги имате овие резултати, ако ги имате последните анкети, ако го имате рејтингот на претседателот на партијата, кој е катастрофален, но упорно да тврдиш дека ти си вистинското решение, а никој друг не чини, знаете на човек со сила му се зема, ама не му се дава, вклучително и памет!“ – изјави Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Димитриеска-Кочоска: Неопходно е внимателно управување, силни институции и примена на фискалните правила

Фискалната стратегија во претстојниот период ќе се соочи со сложена задача да го усогласи потребното стеснување на буџетот со стимулацијата за економски напредок. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, нагласи дека за ова е потребно претпазливо управување, цврсти институции и строго почитување на фискалните прописи.

Вандализам во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип: цртани нацистички свастики, демолирани тоалети, оштетени кабинети по предметна настава!

„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата, која два часа вршеше увид во објектот.

Теодосиевски: Дали шарлатаните од сектата, што глуми партија, не гледаат дека со бугарските шизофрени услови за „Бугари во Устав“ се отвора бездна пред Македонија?!

Денес кај нас станува особено тешко да (си) разјасните дали одделни „групации“ – меѓу нив и оние што глумат политички партии и нивната „интелектуална“ клиентела – се навистина толку глупави па не разбираат за што се залагаат, дали сериозно не разбираат за што станува збор, или нивните (веќе) отворено антидржавни заложби кријат некакви „таинствени“ интереси… Зашто, дури и кога отворено и до детали го предочуваат „историјатот“ на македонско-бугарскиот спор со сите негови нецивилизирани услови и стапици, тие повторно ургираат за некакви „Бугари во Устав“ – и кои, оние 250? – и надминување на само ним познатиот „ќор-сокак“ во македонските евроинтеграции. И зарем кога го препрочитуваат историјатот на сите оние бугарски шизофрени услови навистина не разбираат за што таму станува збор? И веруваат во коренита историска пресвртница со просто внесување на 250 Бугари во Уставот? Каков црн „ќор-сокак“, зарем навистина не го гледаат отворениот пеколен амбис? Ова го пишува Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Можно ли е да се толку глупави“?

Таравари: УЧК беа борци за слобода, а не албански терористи, да се смени овој шовинистички говор на омраза во спомен-плочата!

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари побара да се смени текстот од спомен-плочата во касарната „Илинден“, посветена на загинатите припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце во 2001 година, каде што на 28 април 2026 година министерот за одбрана Владо Мисајловски оддаде почит. Таравари смета дека изразот „Паднати во војна против албански терористи“, кој што стои на плочата, е „неприфатлив и навредлив за дел од граѓаните“. Инаку, масакрот кај Вејце се смета како најкрвав и најбрутален настан во поновата историја на Македонија. На 28 април 2001 година околу 18 часот од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за нападот. Во тој напад на ОВК (УЧК) убиени се Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Најнови вести

To top