Македонија

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации

Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата

Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата. Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата. Би ги замолил граѓаните, сите пораки што доаѓаат од опозицијата да ги прифатат со резерва зашто целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да испрати решение, туку целта и е, со лаги и шпекулации да привлече внимание, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски од Охрид.

Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање за тоа како се одвива спроведувањето на реформската агенда и каков е неговиот став во врска со обвинувањата од страна на опозицијата за нејзино неспроведување, нагласи дека Владата ќе испорача се што вети, освен два чекора – барањето да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите корисници од снабдувачот и Изборниот законик.

-Опозицијата не се бори на следните избори да победи, туку се бори ова раководство да остане во опозиција. Во оваа насока е и шпекулацијата поврзана со застој во реализацијата на реформската агенда. Вчера имавме состанок, долг состанок со ресорните министри кои треба до крајот на јуни да ги доиспорачаат веќе почнатите чекори. Сите десет што се заостанати, со исклучок на два, нема да бидат испорачани. Првиот е оној во кој се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната влада ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25 до 30 па и повеќе проценти поскапи. И тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните. Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и се додека е таа одлуката, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони кои се во групата во која е потребен консензус во рамки на Собранието. Се останато ќе биде завршено и се останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на дневните прес-конференции, потенцира Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top