Македонија

Гости од Романија во Бигорски манастир

Романска црковна делегација предводена од архиепископот на Јаши г. Теофан во посета на Бигорски манастир

Бигорската свештена Обител беше домаќин на многубројна црковна делегација од сестринската Православна Црква на Романија, која во состав од околу шеесетина високи гости, архијереи, архимандрити, игумени, игумении, монаси и монахињи.

-Делегацијата, која е во четиридневна посета на Македонија, ја предводи Неговото високопреосвештенство, архиепископот на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, г. Теофан, придружуван од својот викарен епископ, Неговото преосвештенство г. Никифор. Меѓу високите гости се и игуменот на прославениот манастир Неамц, архимандрит Бенедикт Саучиук, игуменот на манастирот Петру Вода, архимандрит Харитон Негреа, игуменот на манастирот Сихастрија, архимандрит Арсение Попа, како и низа други игумени и игумении на манастири од нивната епархија, информираа од Бигорскиот манастир.

Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, заедно со братството на високите гости им приредија свечен црковен пречек – иподохи. По пеењето на тропарите и молитвите, старецот, како домаќин, се обрати кон архиепископот и кон сите присутни со топло и срдечно слово за добредојде, на што г. Теофан срдечно се заблагодари за топлиот пречек и прием.

-Потоа следуваше општ синаксис во свечениот манастирски синодикон и радосно заедничарење во Христа, во кое љубовта меѓу двете братски цркви беше уште еднаш живо посведочена, додаваат од манасторот.

Романска црковна делегација го посети и манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, а за времена на престој во Македонија, посетила и ќе посети и другите значајни македонски црковни центри.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

To top