Во објавата Трамп истакнува:
„Поради фактот што Европската Унија не го почитува нашиот целосно договорен трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините, што ѝ ги наплаќаме на Европската Унија за автомобили и камиони, кои влегуваат во Соединетите Американски Држави. Царината ќе се зголеми на 25 проценти. Сосема е јасно и договорено дека нема да има никакви царини, ако произведуваат автомобили и камиони во погоните во САД. Во моментов се градат голем број фабрики за автомобили и камиони, со инвестиции што надминуваат 100 милијарди долари, што е рекорд во историјата на производството на автомобили и камиони. Тие фабрики, каде што работат американски работници, наскоро ќе бидат отворени – никогаш не се случувало нешто како ова што денес се случува во Америка!“