Бизнис

Хрватска и Романија ќе издаваат долгорочни визи за нашите камионџии

Сали: Олеснување за камионџиите и возачите на автобуси

За 13 илјади возачи на камиони и автобуси, кои транзитираат низ земјите од ЕУ, нашата земја постигна договор да им се издаваат долгорочни визи од Хрватска и Романија. Ова го соопшти првиот вицепремиер Беким Сали на средбата со претставниците на Стопанската комора. Транспортните компании на стоки и патници кон земјите од ЕУ од 10 април се соочија со нови процедури за влез и излез во Шенген зоната. Системот за електронска евиденција на граничните премини EES почна да предизвикува доцнења за возачите од шесте земји од Западен Балкан, бидејќи смеат да возат не повеќе од 90 дена во рамки на 180 дена.

„Поради тоа што баравме решение како да се направи конкретен чекор во интерес на превозниците, но и на граѓаните кои патуваат во ЕУ и стоките што ги транзитираме таму, блиските држави како Хрватска и Романија се согласија на овие кандидати, баратели на долгорочни визи, да им се издава долгорочна виза за престој во нивните земји, но секако со пристап и при влез во поблиските земји и во ЕУ“, порача Беким Сали.

Експертката за економија и универзитетската професорка Никица Мојсоска рече дека ова е големо олеснување во транспортот на стоки и услуги, надевајќи се дека ќе поттикне дејствување и кај други земји со кои нашите транспортни фирми најмногу соработуваат. Таа рече дека економијата на земјава многу зависи од увозот и нарачките и дека владата треба да биде поупорна во почитувањето на потпишаните договори, но и да се ориентира кон новите пазари кои брзо се развиваат надвор од ЕУ.

„Секако ќе биде корисно и за економијата на нашата земја, со намалување на одредени трошоци за транспорт, бидејќи фирмите во јануари и февруари мораа да користат алтернативни извори за увоз, односно за транспорт на увозни производи, што им правеше дополнителни трошоци. Меѓутоа, јасно се гледа дека геополитичката несигурност е голема и ЕУ презема мерки кои понекогаш имаат негативни последици за Македонија и земјите од регионот, па затоа треба да бидеме подготвени и ние да реагираме.“, вели Никица Мојсоска-Блажевски.

По протестите од 26–29 јануари, кога беа блокирани царинските премини, возачите на камиони и автобуси беа признаени како посебна професија од страна на ЕУ. За оваа категорија професионалци, EES системот е одложен до септември, велат од Министерството за транспорт, при што се идентификуваат земјите од ЕУ каде најмногу сообраќаат нашите камиони и автобуси за да се добијат долгорочни работни визи. Властите наведуваат дека се водат разговори и со Германија преку Стопанската комора на странски инвеститори, а со Обединетото Кралство се започнати посебни разговори, бидејќи островската земја повеќе не е дел од ЕУ и Шенген зоната и има различни правила за работни визи за странски професионалци.

Најнови вести од: Бизнис

Се доближуваме до целта – Македонија да стане извозник на струја

Според ВМРО-ДПМНЕ, со новите законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

Родот стои, а купувачи нема – расте бојот на земјоделци кои продаваат директно од нива

Домашните земјоделци повторно се соочуваат со проблемот каде и како да го продадат произведеното овошје и зеленчук. Наместо производите да стигнат до маркетите, дел од производителите ги нудат директно од нивите, бидејќи откупот и пласманот остануваат неизвесни. Проблемот со пласманот и цените со години е една од најголемите грижи за земјоделците во земјава.

Новите инвестиции доказ дека Македонија е сè поатрактивна за вложување на капитал

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека новите ифабрики и странски инвестиции се потврда дека со политките на Владата Македонија станува сè поатрактивна за инвестирање. „Брејнчајлд“ и „Магна Мехатроникс“ веќе почнаа со работа, а „Амфенол“ и „Гемтерм“ најавуваат нови вработувања, се наведува во соопштенето заедно со бројки за вредноста на инвестициите и новите работни места.

Прометот на Македонска берза падна за 53,78%, „Алкалоид“ со најголем раст

И покрај послабата берзанска активност, акциите на „Алкалоид“ забележаа најголем неделен раст од 9,37 отсто. Позитивно движење имаа и „Гранит“, со раст од 2,6 отсто, како и „Македонски Телеком“, чии акции поскапеа за 2 отсто.

АД ЕСМ ќе купува јаглен од косовската КЕК во следните три години

АД ЕСМ  согласно владина одлука,  потпиша стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК за експлоатација на околу три милиони тони јаглен од рудникот Обилиќ во наредните три години по гарантирана фиксна цена од 24, 4 евра за тон, соопшти компанијата. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани.

To top