Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, имаше што да му порача на досегашниот сопартиец и пратеник Миле Цеков, кој пред неколку дена ја напушти партијата и се прогласи за независен.
„Тој ја донесе одлуката и тоа му е патот. Секој со свој крст, но ако имате морална одговорност треба да го вратите мандатот на граѓаните. Ова е реприза од минатото, моментот е кои се мотивите, но струмичката јавност треба да го знае тоа“, изјави Димитриевски во „Топ тема“ на Телма ТВ.