Македонија

Не завршил ни „осмо“, а се заканува дека ќе убива

На списокот имало имиња и презимиња на соучениците и датум за извршување на заканата

Ученик од седмо одделение од основното училиште „Стив Наумов“ во Битола на социјалната мрежа Тик-Ток објавил список за ликвидација на негови сооученици и на нивните родители.

На списокот имало имиња и презимиња на соучениците и датум за извршување на заканата, дознава СДК.

Родителите на учениците испратиле претставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и во Подрачното одделение за образование.

Директорот на основното училиште „Стив Наумов“ изјавил дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи, но дека училиштето ќе соработува со надлежните институции за целосно разрешување на случајот.

Училиштето „Стив Наумов“ преку соопштение информира дека веднаш постапило согласно своите законски надлежности и обврски во врска со настанот поврзан со ученик кој преку социјалните мрежи објавувал недолични и заканувачки пораки за неговите соученици и нивните родители.

Најнови вести од: Македонија

Од 1 јули строги правила за влез во ЕУ за комбиња и лесни камиони

Европските институции очекуваат новите мерки да придонесат за поефикасен надзор врз меѓународниот транспорт, подобра контрола на движењето на возилата и построго почитување на правилата за работното време на возачите.

Мицкоски: Соседна држава шири теза за запирање на европските фондови со цел да банкротираме и да прифатиме сè што се бара од нас

Премиерот не откри која соседна држава, членка на ЕУ, ја шири ваквата теза и додаде дека сознанијата доаѓаат од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби.

АД МЕПСО: Го прифаќаме извештајот на ДЗР и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите слабости

Од АД МЕПСО соопштија дека ги прифаќаат наодите од Државниот завод за ревизија и веќе преземаат мерки за отстранување на утврдените слабости. Според МЕПСО, голем дел од забелешките се однесуваат на процеси, договори, инвестиции и имотно-правни прашања што се наталожувале со години, а дел од нив датираат уште од основањето на компанијата во 2004 година.

To top