Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Предавникот Филипче сака да ги дораспродаде македонските државни и национални интереси на Радев и Бугарите, што го почна Заев!

На кого одговара Венко Филипче: пред Зоран Заев, пред Румен Радев, или пред двајцата? – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката македонска партија истакнува: Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да му се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски.

Радев не е нов политичар, само е нов премиер на Бугарија, но сите добро ги знаеме неговите ставови поврзани со Македонија и македонскиот народ, јазик, идентитет, историја. Радев има кажано дека сонародниците на Гоце Делчев се Бугари, што значи дека ни тој како премиер нема да се откаже од бугарските барања и од вета поврзани со националниот идентитет. И во таква ситуација, Венко веднаш побрза да му се допадне и да застане на негова страна.

Нема предавство, кое СДС и Филипче не се подготвени да го спроведат. Тоа што Заев го започна со распродажбата на државните и национални интереси Филипче сака да го доврши. Филипче стана современиот кодош „Коте од Руља“.

Наместо да се вразумат и еднаш да застанат на вистинската македонска и државна страна, во одбрана на државните интереси, тие повторно испраќаат порака дека се подготвени на предавство, затоа и тонат и исчезнуваат од политичкиот спектар. – наведува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top