Македонија

Сиљановска-Давкова: „Генералка Викенд“ треба да стане генералка 365

Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа

За претседателката „Генералка Викенд“ треба да прерасне во ,,Генералка 365 дена”.

„Секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците кои прво зачистуваат таму каде што живеат, а кога се овде, дури и околу нашите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на животот!“, порача таа на отворањето на годинешната националната акција за чистење на отпад „Генералка викенд 2026“.

Говорејќи за односот на човекот кон природата, таа потсети на делото „Природен договор“ на францускиот филозоф Мишел Сера во коешто се истакнува дека човештвото мора да склучи пријателски договор со планетата Земја и да ја третира како рамноправен партнер.

Според неа, човекот наместо да живее во хармонија со природата, влегува во судир со неа, нарушувајќи ја природната рамнотежа и чекорејќи кон самоуништување. Таа додаде дека ваквите иницијативи претставуваат важен потсетник за потребата од промена.

Сиљановска-Давкова го спомена неодамнешниот настан во нејзиниот Кабинет, чијашто цел беше да се поттикнат наставата и учењето во природа.

На градоначалникот на Скопје, му предложи да го следи примерот на градоначалничката на Париз, Ан Идалго која неколку париски улици трансформираше во зелени површини. „Зеленото е убаво, прекрасно. Скопје треба да озелени, ама претходно треба да го исчистиме“, порача претседателката.

Во денешното чистење на брегот на реката Вардар, во организација на Град Скопје во соработка со „Генералка викенд“ учествуваа 8 екипи распоредени од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“, на северната и јужната страна на Вардар.

Во соработка со претпријатијата „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во акцијата за чистење на кејот на Вардар учествуваа волонтери од приватни компании и институции, како и средношколци и студенти.

„Генералка викенд 2026“ ќе се одржи од 8-10 мај во 80 општини низ целата држава на повеќе од 500 локации.

Најнови вести од: Македонија

Љутков: Работата во националните установи воопшто не е сјајна, реконструираме повеќе театри

Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп, таму веќе го работиме идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако ние почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, комплетно да […]

Мицкоски: Заканите од Османи се дел од фолклорот, што ќе следи! Законот за правична застапеност е одобрен од Венециската комисија и ќе се усвои наскоро!

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

„Рацете подалеку од албанскиот јазик!“ – му се заканува ли Адеми од ДУИ на претседателот на Уставниот суд Костадиновски?!

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми реагираше по интервјуто на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, обвинувајќи го за, како што вели,„ манипулации и намера за укинување на клучни одредби од Законот за јазиците“. Ова го објави ТВ 21.

Пораката од седмоодделенец на тик ток „Ќе ги посетам на 18 мај“ предизвика паника во битолски „Стив Наумов“ – Полицајци во „цивилка“ ќе го чуваат

Пораки во родителски групи и објави на социјалните мрежи предизвикаа паника во Битола, откако почнаа да се шират тврдења дека ученик од седмо одделение во основното училиште „Стив Наумов“ се заканувал дека ќе убива соученици. Првичните информации што се споделувале меѓу родители биле дека заканите биле објавени на „ТикТок“. Но засега, за таква директна закана нема никаков доказ. Нема објава со експлицитна закана, ниту фотографија или снимка од евентуално избришана содржина. Сепак, поради стравот и реакциите во јавноста, ученикот во изминатите денови не посетувал настава.

Најнови вести

To top