Македонија

Пораката од седмоодделенец на тик ток „Ќе ги посетам на 18 мај“ предизвика паника во битолски „Стив Наумов“ – Полицајци во „цивилка“ ќе го чуваат

Пораки во родителски групи и објави на социјалните мрежи предизвикаа паника во Битола, откако почнаа да се шират тврдења дека ученик од седмо одделение во основното училиште „Стив Наумов“ се заканувал дека ќе убива соученици. Првичните информации што се споделувале меѓу родители биле дека заканите биле објавени на „ТикТок“. Но засега, за таква директна закана нема никаков доказ. Нема објава со експлицитна закана, ниту фотографија или снимка од евентуално избришана содржина. Сепак, поради стравот и реакциите во јавноста, ученикот во изминатите денови не посетувал настава.

Според јавните објави, вознемиреноста ја предизвикала објава на „ТикТок“ во која седмоодделенецот напишал: „Ќе ги посетам за брзо, 18 мај“. Дел од учениците и родителите ова го протолкувале како закана, по што во битолски групи на фејсбук почнале да се шират предупредувања. „Некој ученик по име …. од седмо се заканувал дека на 18.05.2026 ќе извршувал убиства во училиштето ‘Стив Наумов’, дали сте запознаени со овој случај“, стои во една од објавите.

Откако ученикот деновиве упатил вознемирувачки содржини на социјалните мрежи, родителите на учениците испратиле преставка до Државниот просветен инспекторат, а училиштето го пријавило случајот во Центарот за социјални работи, СВР Битола и Подрачното одделение за образование.

Од „Стив Наумов“ велат дека настанот се случил надвор од училиштето. Ученикот пред извесно време бил префрлен од едно во друго одделение, заради подобро вклопување во училиштето. Но, наспроти тоа, избувнале несогласувања со новите соученици, на што реагирале нивните родители. По ова, седмоодделенецот објавил недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи. За настанот завчера бил одржан и родителски состанок, на кој родителите на другите деца побарале ученикот да биде преместен од одделението. По состанокот, на социјалните мрежи се појавиле нови пораки од сосема други лица со прогнози за одредени вознемирувачки настани, што внело паника меѓу родителите кои имаат ученици во „Стив Наумов“.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top