Македонија

Љутков: Работата во националните установи воопшто не е добра, реконструираме повеќе театри

Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп:  таму веќе работиме на идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, целосно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Тоа е најпрактично решение, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Театрите се пофалија со зголемени буџети, дел од нив рекордни. Од 2024 година буџетот на Министерството за култура и туризам се зголемува секоја година за минимум 10 проценти, а во сите културни институции буџетите за продукција се зголемени од 50 до 100 проценти. Запрашан што ќе значи ова за публиката, Љутков  одговори: Се случува често да имаме редици пред институциите за продажба на билети, или да имаме институции, каде што се чека по два-три месеци, за да се купат карти. Имаме институции, кои откако ќе го објават репертоарот, следниот ден се распродадени билетите преку интернет. Зголемениот буџет зборува за зголемена, поквалитетна и побогата продукција. Репертоарите ни се полни секој ден на сите национални установи и тоа посебно ме радува, посочи Љутков.

Во врска со условите за работа на вработените во театрите, министерот за култура укажува: Работата во националните установи воопшто не е сјајна. Загрижувачка е. Со години наназад не се инвестирало, претходната Влада воопшто не инвестирала, тоа е факт. До 2016-тата година пак имаме некој напредок, но потоа имаме голем застој. После пожарот во Кочани се преиспитавме да видиме каква е состојбата на сите објекти, згради. Загрижувачки беше фактот дека голем дел од националните установи не исполнуваат минимум услови за продолжување со работа. Кај дел од тие установи обезбедивме веднаш пари, за да ги подобриме условите, одредени беа затворени. Таму веднаш почнавме со изработка на нови проекти, рече Љутков.

Тој посочи дека Турскиот театар е во завршна фаза, исто како и театарот и библиотеката во Тетово.

-Работиме на Универзална сала, театарот во Куманово, се работи и во театарот во Струмица. Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп, таму веќе го работиме идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако ние почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, комплетно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Мислам дека тоа е најпрактично решение, рече Љутков, дополнувајќи дека таков проект се работи и во Штип, а ќе започне и во Охрид.

„Курир“

Најнови вести од: Македонија

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме

Полицијата на пролетен марш: Градиме подготвена, сплотена и уште поблиска полиција до граѓаните, порачува Тошковски

Заедно со директорот на БЈБ, раководството на СВР Велес и колегите од секторот, бев дел од пролетниот марш на подрачјето на Неготино, од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓоргија“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, […]

Генералка викенд во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

(Фото+Видео): Македонија не се спасува со метли за викенд, секој ден треба да е генералка

Македонија се соочува со сериозен и долготраен проблем со отпадот, со над 2.000 диви депонии низ државата и со десетици во околината на Скопје. Стручната јавност и институциите сè почесто предупредуваат дека е недоволен постојниот систем и дека е неопходно воспоставување регионални депонии и современо управување со отпадот. Токму во време на националната акција „Генералка викенд“, која почна денеска во Македонија, повторно се отвора дебатата за итни системски решенија.

Мицкоски: Заканите од Османи се дел од фолклорот, што ќе следи! – Законот за правична застапеност е одобрен од Венециската комисија и ќе се усвои наскоро!

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

„Рацете подалеку од албанскиот јазик!“ – му се заканува ли Адеми од ДУИ на претседателот на Уставниот суд Костадиновски?!

Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми реагираше по интервјуто на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, обвинувајќи го за, како што вели,„ манипулации и намера за укинување на клучни одредби од Законот за јазиците“. Ова го објави ТВ 21.

Најнови вести

To top