Македонија

Единаесет години од антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово – откриена спомен-плоча и активности под мотото „Хероите живеат вечно“

На интернет-страницата на „Википедија“ е напишано: Во населбата „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година беше изведена полициската акција за разбивање на оружената терористичка група. Акцијата започнала рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траела речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата завршила со победа на македонските специјални сили и целосно неутрализирање и елиминирање на терористичката група, од која дел ѝ се предале на македонските власти во текот на вечерта во саботата на 9 мај. Според македонското Министерство за внатрешни работи, станувало збор за една од најопасните терористички групи, а групата била закана за целиот регион и била вклучена во бројни напади, при што нејзините членови биле барани со меѓународни потерници. Околу триесетина членови на терористичката група се предале безусловно на полицијата, кои главно биле македонски државјани и еден албански државјанин. Меѓу кои биле и тројца од водачите Мухамед Красниќи, Сами Укшини и Дем Шеху. Од страна на македонските безбедносни сили загинале осум припадници на специјалните единици на македонската полиција, а биле повредени дури 37 други полицајци во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово. На страната на терористите на самото место биле пронајдени 14 мртви тела во униформи. Јавното обвинителство на Република Македонија покренало постапка за приведените во акцијата во Куманото веднаш по самото нивно приведување, откако МВР поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против определен број лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“. Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 луѓе беа осудени за делата а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За седуммина беше изречена казна од доживотен затвор

Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.


Во организација на синдикалната организација на Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) при СВР Куманово, денот на сеќавање ќе започне со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“, каде ќе биде оддадена почит за загинатите припадници на полицијата. Ќе следи полагање цвеќе пред спомен – обележјето во кругот на СВР Куманово. Комеморативните активности ќе продолжат со меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“, кој ќе започне во 12:30 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“. Во рамки на настанот ќе биде спроведена и хуманитарна акција за поддршка на полицискиот службеник. Активностите продолжуваат и во недела, кога во организација на Патриотско друштво ќе се одржи 11. Меморијален велосипедски круг.

Два дена Куманово живееше во страв и неизвесност кога во густо населената населба „Тоде Мендол“, попозната меѓу граѓаните како „Диво насеље“, одекнуваа престрелки со различен интензитет. Населбата беше целосно блокирана од безбедносните сили, жителите се евакуираа од своите домови, а хеликоптери постојано го надлетуваа градот. Граѓаните на Куманово и денес се сеќаваат на тие драматични денови, со порака дека ваков трагичен настан никогаш не смее да се повтори. Стравот, неизвесноста и загубите што ги донесе „Диво насеље“ оставија длабока трага кај кумановци.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе биде целосно готов до крајот на 2026 – Имавме попречување од финансиерот на објектот!

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија, со кои ќе одиме напред, но никогаш нема да правам пазар со идентитетот!

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за решенија со кои ќе оставиме големи товари на нашите потомци. Но, тој повтори дека „пазар со идентитетот, пазар со нашето достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки, какви што имало во нашата понова историја, никогаш нема да прави“.

Костадиновски: Не може да пропадне приватна компанија, за да земе некој плата во јавно претпријатие!

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски синоќа во гостувањето кај ТВ21 за предметот поврзан со долговите на јавните претпријатија  предупреди дека можната  одлука би имала сериозни последици врз државниот систем и економијата. – Последиците од нашата евентуална одлука можат да бидат катастрофални, дури и од катаклизмични размери, бидејќи долговите на јавните претпријатија се околу една милијарда евра – истакна Костадиновски.

Владата на Македонија ќе го одбележи 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС ѝ нудат на Софија уставни измени на брза лента! – Продавајќи „приказни за Европа“, исполнуваат странски агенди!

Филипче без сопирачки ѝ се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, подготвен е со СДС за национални отстапки. Венко Филипче е без грбник и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви „црвени линии“ кога станува збор за националните интереси, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Ајзенштетер: Денес само околу една третина од Чесите гледаат позитивно на ЕУ, а помалку од две третини признаваат дека членството во ЕУ ѝ користело на Чешка

Денес, само околу една третина од граѓаните на Чешка гледаат позитивно на ЕУ, а помалку од две третини признаваат дека членството во ЕУ ѝ користело на земјата. „Европската политика сè уште се сфаќа тука како странска.“ – објасни политикологот Петр Вајс. „Политичарите не ја објаснуваат, не обрнуваат внимание на неа, не ја разбираат. Ако политичката елита не разбира нешто, ниту јавноста не може да го разбере тоа.“ Сепак, и покрај сите нејзини согледани маани и несовршености, ЕУ донесе и јасни, опипливи придобивки за Чешка. Ова се нагласува во анализата со наслов „Дваесет и две години во ЕУ: постигањата и грижите на Чешка, но и она што следи“ на француско-британскиот новинар и политички аналитичар  Жил Ајзенштетер, која е објавена вчера на 8 мај 2026 година во еден од водечките чешки информативни портали „Експатс.цз“ по повод денешниот Ден на Европа, 9 мај.

Најнови вести

To top