Македонија

ДУИ бара Албанец да биде гувернер на Народна банка

Демократската унија за интеграција изрази длабока загриженост за, како што велат, недоволната застапеност на Албанците во трката за нов гувернер на Народната банка и изборот на 20 мај. Според партијата, во потесниот список од четири кандидати нема ниту еден Албанец, што според нив воопшто не го одразува мултиетничкиот карактер на државата. Од партијата на Али […]

Демократската унија за интеграција изрази длабока загриженост за, како што велат, недоволната застапеност на Албанците во трката за нов гувернер на Народната банка и изборот на 20 мај.

Според партијата, во потесниот список од четири кандидати нема ниту еден Албанец, што според нив воопшто не го одразува мултиетничкиот карактер на државата. Од партијата на Али Ахмети нагласуваат дека оваа позиција се третира како исклучива сопственост на етничките Македонци, додека никој од политичките и институционалните структури, вклучително и Владата и Претседателот, не го кренал својот глас за ова прашање.

ДУИ го критикува фактот што дури ни политичките претставници на Албанците во парламентарното мнозинство не инсистирале барем еден економски експерт од Албанија да биде вклучен на списокот.

„Оваа земја има изобилство од квалификувани албански професионалци за оваа функција“, се наведува во ставот на партијата.

Според ДУИ, оваа ситуација е последица на намерна стратегија на исклучување од страна на премиерот, кој, како што обвинуваат, создаде затворен етнички круг во својот кабинет и во институционалното донесување одлуки.

„Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани – без оглед на етничката припадност или друга припадност. Уставот обврзува правична застапеност на сите заедници“, нагласува ДУИ.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека до крајот на неделата ќе се дефинира кандидатот за нов гувернер.

Тврди дека рокот за именување навреме ќе биде испочитуван, бидејќи петгодишниот мандат на Анита Ангеловска Бежоска истекува на 21 мај. Тој додаде дека меѓу фаворитите за нов гувернер се имињата на актуелната Ангеловска Бежоска, поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, како и поранешната вицегувернерка Маја Кадиевска‑Војновиќ, што сведочи за сериозноста на изборот.

Мандатот на гувернерот трае 7 години и има право на уште еден реизбор. Доколу не се избере нов гувернер во Собранието, за што требаат 61 глас, функцијата продолжува да ја врши актуелниот, се додека не се назначи негов наследник.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Хаос на граница пред продолжениот викенд

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на преминот „Богородица“, велат од МВР и додаваат дека на истиот граничен премин, до 10 часот, поминале над 11 илјади државјани на други земји. Од македонска страна, не е забележан застој на граничните премини на југоисточниот дел од земјата и додаваат дека се преземни мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

(Фото): Синдикален марш: 260.000 работници живеат со плата под 600 евра, мал број излегоа на протест

ССМ и годинава со протест го одбележа Први Мај – Денот на трудот. Протестот започна пред зградата на Сојузот на синдикати, продолжи кон Собранието, па пред Стопанската комора, а заврши пред Владата. Синдикалците со јасни барања: Повисока минимална плата, почитување на колективните договори и подобра заштита на работниците на нивните работни места. Предупредија дека состојбата е сериозна. Само во 2025 година 31 работник заминал на работа и не се вратил дома.

АНБ разби радикална терористичка група поврзани со Исламска држава и со обидот за палежот на еврејската синагога во Скопје!

Агенцијата за национална безбедност согласно своите надлежности презеде оперативно-технички и аналитички мерки и активности со цел идентификување на мотивите и непосредните извршители на обидот за опожарување на објектот на Еврејска заедница во Скопје. Во таа насока од страна на Агенцијата се прибраа информации и беа идентификувани лица – најверојатни извршители и нивна логистичка мрежа, како и повеќе објекти во Скопје, кои според нашите индиции, како дел од радикална групација идеолошки надоврзани на глобалната мрежа на Исламска држава, непосредно по повикот на споменатата терористичка организација од почетокот на април, презедоа насилни активности.

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Најнови вести

To top