Македонија

Кошта до македонските граѓани: Ви се обраќам како на идна членка на ЕУ, време е за наредниот чекор

Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години. Време е да се направи наредниот чекор напред

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска, по повод 9 Мај – Денот на Европа, испрати порака до граѓаните на Македонија и порача дека иднината на земјава е во Европската Унија.

„Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат – моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба и соработка наместо конфликт. Одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет врз пепелта од Втората светска војна“, вели Кошта во пораката до македонските граѓани.

Претседателот на Европскиот совет порача дека иднината на земјава е во Европската Унија и дека во таа смисла се вложува огромен труд за ваквата визија да стане реалност.

„Вашата земја е кандидат за членство во Европската Унија веќе многу години. Време е да се направи наредниот чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа“, порача Кошта.

Во своето денешно обраќање по повод Денот на Европа, премиерот Христијан Мицкоски порача дека за нас како држава Европа е единствениот пат, но нагласи дека додека е тој на чело на Владата нема да прави пазар со нашиот идентитет и достоинство во замена за какви било лични или политички придобивки.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top