Македонија

Манасиевски: Филипче како „Коте од Руља“

Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија

 

Лидерот на СДСМ „сè стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев“, вели Валентин Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој го спореди лидерот на СДСМ со еден од најпознатите предавници во историјата на македонското револуционерно движење

„Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев се Бугари. Со овие ставови и неговиот однос кон Македонија, јасно ни е дека Бугарија нема да се помрдне ни милиметар од нивните барања, со тоа што ќе не ветоизира на секое можно поле“ изјави  Манасиевски.

Во ваква ситуација, наместо критика и осуда од македонската опозиција, Венко Филипче втрча во прегратки на Радев и на Бугарија, јасно кажувајќи дека доколку тој дојде на власт би ги направил уставните измени, дека би ги прифатил барањата на официјална Софија и дека нема проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да биде запишано како бугарско, односно дека би биле што би рекол неговиот ментор Заев, еден народ, две држави.

Тоа што Зоран Заев го започна со распродажба на државните и националните интереси, Филипче е спремен да го доврши.

Наместо да се вразумат и да застанат на вистинската, на македонската страна, тие за свои лични интереси се спремни за нови национални предавства“, вели Манасиевски. ( ВМРО-ДПМНЕ)

Најнови вести од: Македонија

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Милошоски: Филипче зборува за Србија, за да не се зборува за состојбите во СДСМ

Претседателот на СДСМ ја пренасочува политичката дебата кон Србија за да ги избегне прашањата за состојбите во сопствената партија, неговиот личен рејтинг и слабата внатрепартиска кохезија

To top