Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција реагираше на вчерашното обраќање на премиерот Мицкоски повторувајќи ги старите обвинувања според кои ВМРО-ДПМНЕ намерно ја држи Македонија во изолација.
Во одговорите на новинарски прашања Филипче тврди дека Бугарија не го загрозува македонскиот идентитет и вели дека Македонија нема работа со Бугарија туку со членките на ЕУ.
На прашање од новинарите за позициите на соседите кои тврдат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот Филипче вели дека Бугарија односно Парламентот во Софија признал чист македонски јазик.