Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ги слуша ли Филипче реакциите од народот или е премногу зафатен со фантазирање за премиерска фотелја?

Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува тој став и се врти околу својата замислена оска и фантазира за премиерска фотелја

ВМРО-ДПМНЕ денес преку соопштение остро го критикуваше лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по неговата прес-конференција на која говореше за уставните измени и европските интеграции.

Од партијата обвинија дека Филипче повторно се обидува да ги релативизира македонскиот идентитет и националните интереси, тврдејќи дека уставните измени се во интерес на Македонија.

„Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува тој став и се врти околу својата замислена оска и фантазира за премиерска фотелја“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека, според нив, СДСМ во минатото „распродавала историја, позиции и достоинство“, а сега се обидува да ги убеди граѓаните дека уставните измени се во интерес на државата.

„Филипче се однесува како проблемот да е во народот, а не во неговите ставови, склони кон национални предавства“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прашува и дали Филипче навистина очекува поддршка од граѓаните со вакви ставови за националните прашања.

Најнови вести од: Македонија

Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?

Пратеничката посочува дека кога ќе дојде редот да се работи на реформите , од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање

To top