Македонија

Танчерки од Русија, Бугарија, Србија и Казахстан уапсени во Охрид

Работеле како танчерки но сите знаат дека извршувале други дејности за кои се плаќало илјадници евра

По контрола во ноќен клуб во Охрид полицијата привела седум странски државјанки затекнати при нелегална работа, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Акцијата е изведена на рано изутрина (10.05.2026), кога полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад влегле во ноќен клуб на булевар „Железничка“ во Охрид.

Таму биле пронајдени и приведени А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија.

При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 217 од Законот за странци, објави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top