Валенсија го победи Атлетик во Билбао со 1:0 во 35. коло од шпанската фудбалска Ла Лига, а покрај стрелецот на единствениот гол Умар Садик во 72. минута, најзаслужен за триумфот на гостите беше Столе Димитриевски, кој за шестиот првенствен меч без примен гол беше прогласен за играч на натпреварот со оценка 8,2.
Чуварот на мрежата на македонската репрезентација имаше четири брилијантни одбрани, од кои три во последниот половина час, со кои директно влијаеше за зачувување на минималната предност на некогашниот шампион на Шпанија, кој сега го делат само два бода од излез во Европа.
Ова е четврти настап сезонава во кој 32-годишниот кумановец го доби признанието за МВП на мечот, покажувајќи дека неправедно ја греел клупата по заминувањето на Ѓорѓи Мамардашвили во Ливерпул до повредата на Хулен Агирезабала, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.