Колумни

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред Европа и светот. Вонвременските пораки на МНЛД одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Пишува: Свето Тоевски

МНЛД како гласен застапувач на националното, јазично, политичко и културно единство на Македонците

На документот за основање на МЛД се потпишани 19 Македонци, меѓу кои: Крсте Петков Мисирков, Димитрија Чуповски, Наце Димов Чуповски, Дијамандија Трпков Мишајков, Стефан Јакимов Дедов, д-р Гаврил Костадинов Тасев (по преселбата во Русија познат како Гаврил Константинович) итн.

Уставот на МНЛД од 1903 со потписите на Мисирков, Чупевски и другите дејци-членови на Другарството

Друштвото на почеток го носи патронатот на Свети Климент Охридски, а во Уставот од 1903 година името на Светите Кирил и Методиј. Прв привремен претседател бил Дијамандија Мишајков, а од почетокот на 1903 па до 1917 претседател е истакнатиот македонски деец Димитрија Чуповски. МНЛД како моќен гласник на македонската вистина останува во колективното помнење на македонскиот народ и во неговата национална историја како македонска интелектуална организација, која укажуваше на потребата за национално, јазично, политичко и културно единство на Македонците.

На 12 ноември 1902 година Македонското научно-литературно другарство испратило меморандум до руската влада, во кој биле искажани македонските национални интереси. Видни македонски историчари и научници аргументираат дека споменатиот меморандум е, всушност, прва македонска национална програма, во која се бара признавање на Македонците како посебен народ, со свој посебен јазик, црква и државни граници.

„Македонски глас“ – официјалното гласило на Македонското научно-литературно другарство

Проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја истакнува дека појавата на „Македонски глас“, како официјален орган и гласило на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), е една од најзначајните македонски периодични публикации, печатена од македонската емиграција од 9 јуни 1913 година до 20 ноември 1914 година под редакција на Чуповски. Според Ристовска-Јосифовска, расправите во списанието може да се анализираат како целосен израз на македонските гледишта. Таа нагласува дека редакцијата обjaвувала статии за Македонија и Македонците: историски и етнографски прегледи, политички анализи и акти, писма на читатели и дописници, како и страници со дела на македонски и руски поети и писатели. Во март 1913 година била објавена првата карта на етнографска Македонија (во колор), изработена од Чуповски, а поодделно во колор и на македонски јазик: „Карта Македонија по програма на македонските народници“.

  „Македонски глас“ –  орган на независна Македонија

Списанието „Македонски глас“ било уредувано од страна на редакцискиот совет на Македонската колонија во Санкт Петербург, Царска Русија. Издавач бил Димитрија Чуповски, а одговорен уредник И.П. Кулезнев. Како лозунг под насловната страница на првиот број биле објавени зборовите на Борис Сарафов: „Ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот. … Бугарите и Србите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците“. Покрај Македонците, како соработници на списанието се јавуваат и голем број Руси, како и припадници на некои од балканските народи. Во „Македонски глас“ биле објавени меморандуми, соопштенија и апели на Македонската колонија во Санкт Петербург, кои претставувале изразување на македонската мисла за обединувањето и ослободувањето на македонскиот народ, како и за создавање независна македонска држава.

И покрај противењето на другите балкански друштва во Русија,  Советот на Санктпетербуршкото словенско братство го признало Македонското научно-литературно другарство како рамноправен член на Советот. На Македонците им биле дадени простории во кои друштвото  одржувало редовни состаноци и советодавни седници. Во Русија почнале да се печатат весници, книги, брошури, летоци, кои ја објаснувале улогата, задачата и целта на Македонското друштво. Била печатена и првата книга на современ македонски литературен јазик со фонетски правопис „За Македонцките работи“ од Мисирков, која по наредба на бугарската власт била запалена во Софија веднаш по печатењето.

Уставот на Македонското научно-литературно другарство со неговите јасни одредби за македонскиот јазик и идентитет на македонскиот народ, различен од Бугарите и Србите

Во својата обемна научна и книжевна дејност, во јасно составената македонска национална програма, Македонското друштво во Санкт Петербург за првпат го воведува македонскиот јазик и официјално во службена употреба (чл. 12 од Уставот на друштвото од 16.12.1903). МНЛД го издава првото научно-­литературно списание на македонски јазик и правопис („Вардар“, 1905), изработува Карта на Македонија во етничките граници (1913), ги објавува историските меморандуми и други официјални акти со јасна македонска национална идеологија и ослободителна програма за зачувување на целоста на Македонија.

Меморандум за независноста на Македонија на МНЛД, упатен на 1 март 1913

 „Исполнувајќи ја нашата света должност кон нашата татковина и прифаќајќи го мотото ‘Македонија на Македонците’, протестираме и не можеме да останеме рамнодушни кога сојузничките балкански држави … се подготвуваат да ја распарчат нашата татковина која е на исто културно ниво како нив…“ – пишува македонската колонија во Санкт Петербург, предводена од Димитрија Чуповски и обединета околу МНЛД, во својот Меморандум од 13 март 1913 година, испратен до британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј и до амбасадорите на Лондонската мировна конференција, протестирајќи против планираната поделба на Македонија од балканските сојузници. Таа барала Македонија да биде зачувана како независна држава во своите природни, географски, етнички и економски граници, под мотото „Македонија на Македонците“. Нов апел до балканските влади следувал на 7 јуни 1913 година.

Македонското научно-литературно другарство претставува еден од највисоко организираните и најмоќни интелектуални и национални крикови за слобода и зачувување на националната, идентитетска и јазична самобитност во историјата на македонскиот народ. Ова Другарство не беше обично здружение на македонски емигранти, туку бездруго прв институционален бедем на македонската посебност. Во време кога жестоките балкански пропаганди беснееја низ етничка Македонија, со цел нивните држави да ја распарчат во даден момент и да ги асмилираат Македонците, МНЛД зборува гласно средe Европа за македонската вистина, означувајќи ги македонскиот јазик и национален идентитет како посебни и самостојни историски творби и појави во Балканот, наспроти сите усилби на бугарската, грчката и српската државна пропаганда  да ги избришат тој јазик и идентитет со древни корени во минатото и историјата.

(продолжува)

 

Најнови вести од: Колумни

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ добива веднаш меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески и американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик. Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

Моќната одбрана на Анатол Франс на Македонците во 1903 – европско „бетонирање“ на идентитетот наспроти бугарско-грчките оспорувања (1)

„Во Македонија турските војници и чиновници масакрираат селани и ги силуваат нивните ќерки и жени. Овие злосторства, извршени за срам на Европа, мора да бидат казнети од Европа. Загрижени сме за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, туку затоа што се човечки суштества. Како гаранција за нивното спасение и заради воспоставување сеопшт мир, бараме целосно спроведување на Берлинскиот договор во однос на Ерменија и Македонија. “ – истакнал францускиот писател Анатол Франс во својот знаменит говор, одржан на 18 март 1903 година во Париз на собир, заради поддршка на Ерменија и Македонија. Со тоа уште пред 123 години во срцето на Франција и Европа овој великан на интелектуална Франција едновремено изнесува и моќна потврда на идентитетот на македонскиот народ. Но искажува и заложба за македонска државност и политичка самостојност согласно со Берлинскиот договор од 1878 година, особено во однос на Бугарија и Грција – денешните најжестоки негатори на Македонија и Македонците. Денес се навршуваат 102 години од смртта на овој бележит Француз – бескомпромисен борец и за македонската вистина среде Европа. Оваа годишнина е соодветен повод за ново навраќање кон неговото промакедонско дело, со кое тој трајно заслужува посебно место во колективното паметење на македонскиот народ. Чествувањето на Анатол Франс е чествување и на самите нас како народ со своја самобитност и македонски идентитет.

Пренесувањето на моштите на Гоце Делчев и наводните на Самуил – огледало на бугарската политика кон Македонија, од добрососедство до историски ревизионизам!

Државната и политичката свест на Бугарија за 80 години се развиваше во негативна насока: од држава, која во 1946 година официјално ја признаваше македонската национална самобитност, идентитет, држава, јазик и историја, до држава-членка на ЕУ, која денес во 2026 година практикува историски ревизионизам кон Македонија, стремежи да ја „прекрои“ нејзината автентична национална историја. Но и стремежи за бугаризирање на македонскиот идентитет и јазик. Официјална Софија денес прибегнува кон вета и блокади на македонската евроинтеграција во обид да ги оствари своите асимилаторски цели и стремежи. Двата столба на македонскиот идентитет и државност се под опсада: Цар Самоил, како македонски државотворен столб на средновековието, и Гоце Делчев, како столб на современата државност и идентитет на македонскиот народ. Toa сe двете клучни точки, кои Софија упорно се обидува да ги бугаризира. Стратегијата не е насочена само кон одделни историски периоди, туку кон целосно растурање и поништување на континуитетот на македонскиот идентитет и државотворните стремежи и традиции на македонскиот народ од минатите векови до денес.

Најнови вести

To top