Македонија

Манасиевски: За СДС и Филипче уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, а Радев вели дека и по нив Бугарија ќе други барања!

„СДС и Филипче со рејтинг од само 4 отсто, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии. Но, СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија.“ – нагласува Валентин Манасиевски од Централниот комиет на ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Пренесувајќи го ставот на владејачката македонска партија, натаму Манасиевски истакнува: СДС и Филипче свесно шират бркотница од ставови во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации. СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов настап вели дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања.


Дека уставните измени се последната пречка за Македонија, веруваат само Венко Филипче и оние лојалистите на Зоран Заев, поставени лично од него во партиските структури на СДС. Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат.

Тоа што Заев го започна, Филипче нема никаков проблем да го заврши. Овие антидржавни политики на СДС, Заев и Филипче им носат само штета, низок рејтинг рамен на статистичка грешка и исчезнување од политичката сцена. Ги повикуваме СДС и Филипче, конечно да се вразумат и да застанат во одбрана на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, порачува Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top