Македонија

Обвинителството бара таткото на Вања да биде осуден за киднапирањето, Ѓорчевски одговори: „Јас сум заложник“

Пред апелациските судии

Обвинителството не се откажува – бара од Апелација, Александар Ѓорчевски, таткото на малата Вања да биде осуден затоа што му помагал на Палчо и неговата група да ја киднапираат ќерка му, која потоа ладнокрвно ја убиле. Палчо пак, упорно тврди дека е невин и ги закопа апелациските судии со десетици странци материјал каде наводно утврдил дури 50-тина повреди во судската постапка. Двет страни си ги образложија жабите, сега останува на Апелацискиот суд да реши дали Ѓорчевски повторно ќе седне на обвинителна клупа и дали ќе ги земе во предвид забелешките на осудениот убиец Палчо.

Обвинителесвото смета дека во првичната пресуда Кривичниот суд не ги анализирал доволно доказите кои упатувале на вмешаност на таткото Александар. Посочуваат дека тој ги известил грабнувачите кога неговата ќерка ќе оди на училиште и што ќе носи.

„Кога се во седиштето на партијата, Александар им праќа порака на нивните деца како да се облечат за утрешниот ден. Овој сплет на околности не може да остане енигма.. Неговото однесување наредниот ден кога повторувал дека детето е грабнато и убиено, по што се упатува накај Качанички пат, според наводно по некое филмско сценарио по патеката на која што е однесена Вања во гепек и потоа бара да се провери и кола на некој од Велес“, рече обвинителот Дарко Јакимовски.

Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ за негова комуникација со Палевски, што се потврди на рочиштата.

„Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник немам што дa додадам “ – по што ја напушти судницата.

Од друга страна, Палевски заедно со бранителот тврдат дека имало суштествени повреди на судската постапка, и бараат Апелација да донесе одлука без притисок од јавноста.

„Има преку педесетина суштествени повреди во постапката што се направени. Ги имаме сите наведени во жалбата така што една да прифати судот трба пресудата да е укината“, изјави Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Одбраната на Боре Видевски се жали дека судот не ги прифатил доказите што ги презентирале, кои ја потврдувале неговата невиност.

„Ние мораме целосно да ја утврдиме фактичката состојба, односно да ги изведиме тие докази. Без изведување на тие докази нема ништо да направиме и затоа сметам дека овој Судечкји совет има доблест да ја укине првостепената пресуда и предметот да го врати назад“, рече Бојан Манев, адвокат на Видевски

Кривичниот суд на 25 јуни 2025 година ги осуди Палевски, Манев, Видевски и Кешишев на доживотен затвор, а Ѓорчевски беше ослободен поради недостиг на докази.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top