Ќе се извинувате и ќе ве ослободам, се закани денеска претседателот на СДСМ на новинар од телевизијата Алфа, кој го праша како се повикува на европските вредности, а цело време етикетира медиуми.
„Не етикетирам медиуми, етикетирам пропаганда, црна Гебелсова пропаганда, на која после освојувањето на власта ќе ѝ дојде крај. Исто како што му дојде крајот на изворот на таа пропаганда, оти ова овде е само крак на Орбановата пропаганда, како што тоа го направи Петер Маѓар во Унгарија. Ги укина фреквенциите, и луѓето од тие Орбанови медиуми, кои со години шират лаги, дезинформации, црни кампањи итн, почнаа да се извинуваат на граѓаните и на поединци за тоа што го правеле.
И вие ќе се извинувате, што ме клеветевте дека имам куќа во Нерези, вие лично. И ќе ве ослободам. Затоа што знаевте дека правите црна кампања против мене, да ве потсетам. Така да, тој систем на дезинформација, систем што ги држи граѓаните во темница, затоа што луѓето од лажните весети веќе не знаат што е вистина, а што не лага, затоа што сметаат дека европскиот пат е некакво предавство и некакво загрозување на националните интереси. И тоа е систем на вашите уредници и на оваа банда на власт, само за да се додржат на власт и да продолжат да крадат. Ќе им дојде крај, крај ќе им дојде. И ќе одговараат“, рече Филипче.
На дополнително прашање дали ова е закана кон новинарот и кон медиумот, Филипче рече: „Ви одговорив“, пренесе Плусинфо