Македонија

Мицкоски: Избравме потежок, но достоинствен пат до ЕУ (ВИДЕО)

Цениме дека пократок пат нема. Односно, има, но тој пократок пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки, вели претседателот на македонската влада

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Самитот „Македонија 2025“ порача дека Владата избира потежок пат кон Европската Унија, кој ќе се темели на квалитет и реални резултати, наместо на прифаќање понижувачки услови. Според него, стратешката цел останува иста, но пристапот на оваа Влада е различен од претходната.

Мицкоски потенцираше дека пократките патишта често со себе носат предизвици кои го загрозуваат достоинството на државата и граѓаните.

„Владата што јас ја предводам има различен пристап споредено со претходната влада. Ние цениме дека пократок пат нема. Односно, има, но тој пократок пат има свои предизвици. Најчесто тие предизвици се понижувачки. И затоа велиме: ако треба да одиме по потешкиот пат, ќе одиме по потешкиот пат, но тоа место ќе го заслужиме со квалитет и со испорака, а не со тоа што ќе потпишуваме бели листови хартија“, истакна премиерот.

Тој додаде дека фрустрацијата кај граѓаните од долгиот процес е присутна, но дека поддршката за ЕУ мора да остане константна. Мицкоски порача дека е подготвен да ги издржи критиките во име на идните генерации.

„Достоинството нема цена. И затоа велам нема пократок пат. Ќе трпите и навреди, и критики, и често пати невистини. Најчесто и измислици, но тоа е цената што морате да ја платите и да ја издржите. Бидејќи треба да верувате во тоа што го правите“, рече Мицкоски.

Премиерот се осврна и на Реформската агенда, каде Македонија е лидер во регионот со 16 успешно завршени индикатори од вкупно 21. Тој најави и интензивна комуникација со Брисел за понатамошен напредок, потенцирајќи дека само со докажан квалитет „најголемите ќе признаат и ќе симнат капа“.

Најнови вести од: Македонија

ИНА: Студентите-Албанци се мобилизираат за втор протест во Скопје, заради полагањето правосуден испит на албански јазик! – Ова е широк студентски бунт!

„Ако мислевте дека застанавме, погрешивте!’ – Албанските студенти најавуваат втор протест во Скопјe поради испитот по право на албански јазик.“ – објави денес информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да води антимакедонска политика? (ВИДЕО)

По доаѓањето на новата власт во Бугарија, Филипче не почека ниту ден, веднаш се стави на располагање на Румен Радев, и директно изјави дека доколку тој биде на власт, секое едно барање на Бугарија, тој за власт секако дека ќе го исполни

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се клучот за забрзан економски раст (ВИДЕО)

Мицкоски оцени дека со постоечките и најавените странски инвестиции го исцрпуваме човечкиот капацитет, па затоа треба да се насочиме кон нови, регионални проекти, особено оние што вклучуваат вештачка интелигенција и ќе нè обединуваат.

Запрена истрагата против Ратко Капушевски и „Пуцко петрол“ за набавката на мазут

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени 13 лица, меѓу нив и бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

ВМРО-ДПМНЕ: „Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче“

Само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции

To top