Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на Скопје

Во првиот квартал од годинава се реализирани 335,75 милиони денари, односно 18,12 отсто од планираните инвестиции, што, претставува рекорден резултат за овој период. За само четири и пол месеци, според градоначалникот, обврските на јавните претпријатија се намалени за околу 38,5 милиони евра. Покрај намалувањето на долговите, Град Скопје успеал да воведе ред и во исплатата на платите во јавните претпријатија, при што, како што наведе, повеќе нема доцнења од по неколку месеци.

Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната година. Во првиот квартал биле реализирани 335,75 милиони денари, односно 18,12 проценти од вкупно планираните капитални инвестиции, што претставува најдобар резултат досега за овој период од годината.

Од Град Скопје истакнуваат дека позитивниот тренд продолжува и во вториот квартал. Само во април биле реализирани капитални инвестиции во вредност од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска реализација во историјата на градот. Заклучно со 8 мај 2026 година, реализацијата надминала 480 милиони денари, односно веќе се реализирани 26 проценти од планираните капитални инвестиции за целата година.

Резултатите се постигнати и покрај, како што велат, наследените долгови, нефункционалните системи и тешката финансиска состојба во јавните претпријатија. Градската администрација оценува дека со дисциплинирано и одговорно работење започнала стабилизација на системот и враќање на редот во функционирањето на институциите и јавните служби.

Паралелно со капиталните инвестиции, обезбедени биле средства и за исплата на наследени субвенции за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци, средношколски стипендии и други мерки за граѓаните.

Дополнително, за јавните претпријатија биле обезбедени повеќе од 467,9 милиони денари субвенции за „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Дрисла“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и ЈСП, со цел стабилизација на нивното работење и подобрување на јавните услуги.

Од Градот информираат и дека во изминатите 4,5 месеци обврските на јавните претпријатија биле намалени за околу 38,5 милиони евра, при што најголемо намалување е регистрирано во ЈП „Водовод и канализација“. Воедно, обврските на Град Скопје биле намалени за околу 11,6 милиони евра, а исплатени биле и долгови по основ на експропријација, тужби и преземени обврски.

Од градската администрација порачуваат дека ова е само почеток на процесот на стабилизација и развој на Скопје, со најави за продолжување на инвестициските активности и реализација на нови проекти во интерес на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top