Македонија

Мал интерес за жешкото столче – претседател на Кривичниот суд: Пријавени само двајца кандидати

Мала доверба кај граѓаните, уште помала заинтересираност за клучната позиција во најголемиот суд во Македонија

Мала доверба кај граѓаните, уште помала заинтересираност за клучната позиција во најголемиот суд во Македонија. Само двајца кандидати за претседател на Скопскиот кривичен суд, кога превосудството кубури и со доверба и со кадар.

Даниела Димовска и Ивица Стефановски во трката за прв човек на скопскиот Кривичен.. Поголема транспарентност и отвореност на Кривичниот суд за да се врати довербата од граѓаните, или пак судиите да имаат подеднаков број предмети и решавање на старите заглавени процеси. Во судскиот совет одговараа на прашања од членовите, како ќе ги заштитат судиите доколку пријават политички притисоци.

Актуелната в.д. претседателка Димовска, тврди дека за 40 проценти ќе го скрати времето на судските процеси, а сака да имплементира и електронска достава до адвокатите за да нема доцнење или одложување на рочиштата. Најавува поголема транспарентност и отвореност на судот кон новинарите и јавноста.

„Јас сум на оваа позиција 10 месеци и сметам дека треба да се постават индикатори што ќе мерат резултати. Горда сум на моите колеги – предметите за семејно насилство ги завршуваме во просек за четири месеци… Судиите, особено во Кривичниот суд, работат вредно. Во осум часот сите се веќе на работа, со огромен број предмети. Но, за жал, ние сме многу видливи само кога има негативни вести…Само еден коруптивен случај ја руши довербата во сите нас. Нам ни е преку глава од тие два проценти“ рече Димовска.

Судијата Стефановски, познат во јавноста по предметите за Љупчо Палевски Палчо и насилилникот од Карпош – Стојанче Јовановски,  ќе се залага за поголема ажурност, да се скрати траењето на постапките, транспаретноста и меѓучовечките односи. Голем проблем за Стефановски е тоа што има нерамномерно распределување на предметите.

„Сметам дека треба да им се даде приоритет на старите предмети и да се намали времето меѓу рочиштата. Тука има простор за поенергичен и посериозен пристап кон ажурноста.Системот АКМИС е стар повеќе од 20 години и не препознава сложен или едноставен предмет. Затоа распределбата не овозможува еднаков товар кај судиите – некои се преоптоварени.“ рече Стефановски.

Од судкиот совет велат дека ова е одлична можност да се запознаат кандидати за претседател, а за малата заинтересираност велат дека не секој добар судија може да биде и добар менаџер.

„Целта е преку изброт на овој претседател да дојде до подобра организација, да се намали и да се остави зборот „долгата правда не е правда“ “рече Ивица Николовски – Претседател на Комисија од Судски совет.

Членовите во Судски сега ќе направат рангирање, по што кандидатите ќе имаат право и на приговори до Управниот суд. Доколку нема забелешки, ќе гласаат Димовска или Стефановски да биде нов претседател на Кривичен.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top