Свет

Воената операција против Иран продолжува под друго име

Новото име – „Операција чекан“ – има за цел да ја нагласи сериозноста на намерите на администрацијата на американскиот претседател да биде подготвена за продолжување на војната

Пентагон размислува официјално да ја преименува воената операција против Иран во „Операција Чекан“ (Operation Sledgehammer) доколку се прекрши сегашниот прекин на огнот и американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги продолжи непријателствата.

Ова го изјавија за Ен-Би-Си њуз двајца американски функционери.

Операцијата на САД против Иран, која започна на 28 февруари, беше наречена „Епски бес“. Новото име – „Чекан“ – има за цел да ја нагласи сериозноста на намерите на администрацијата на американскиот претседател да биде подготвена за продолжување на војната, пишува Ен-Би-Си.

Иако администрацијата на Трамп го објави крајот на операцијата „Епски бес“ откако САД и Иран се согласија на прекин на огнот на почетокот на април, Пентагон продолжува да го опишува конфликтот со Иран во контекст на „Епски бес“, коментира Ен-Би-Си.

Функционер на Пентагон изјави дека операцијата „Епски бес“ продолжува и дека прекинот на огнот само ги запрел непријателствата.

Претседателот на САД сериозно размислува за продолжување на воената акција против Иран, објави Си-Ен-Ен, забележувајќи дека Трамп „губи трпение“ поради континуираното затворање на Ормутскиот теснец и поделбата во иранското раководство, за која вели дека спречува да се направат отстапки во нуклеарните разговори.

Си-Ен-Ен: Трамп ги губи нервите, враќањето во војна е сè поверојатно

Најнови вести од: Свет

Дури 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта се блокирани

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

Маск повторно до Трамп: Најбогатиот човек го придружува претседателот во Кина, но недостасува едно клучно име

Шеснаесет извршни директори на најголемите американски компании, меѓу кои се Илон Маск од Тесла и Тим Кук од Епл, ќе го придружуваат претседателот Доналд Трамп на неговото патување во Кина оваа недела, соопшти Белата куќа.

To top