Македонија

Фатени и санкционирани граѓани кои ја злоупотребуваат водата за пиење

Градоначалникот на Гази Баба предупреди дека нема да дозволи граѓаните да страдаат поради поединци

 

„Секторот за инспекција при Општина Гази Баба продолжува со вонредни инспекциски контроли во населените места Црешево, Булачани, Раштак и Смилковци, со цел да се спречи злоупотребата на водоводниот систем и да се заштитат граѓаните, објави на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Као што сподели, во текот на вчерашниот ден, инспекциските служби на терен фатија и гисанкционираа::

Лицето Т.К. од Црешево беше затекнато како полни сопствен бунар со вода од јавниот водоводен систем. На лицето му е издаден прекршочен налог во висина од 200 евра.

Во населеното место Раштак беа откриени два диви приклучоци на системот. Истите веднаш беа санкционирани и исклучени од водоснабдување.

Инспекцијата ќе продолжи со засилени вонредни контроли и во наредните денови.

„Како градоначалник, нема да дозволам граѓаните да страдаат поради постапките на поединци! Ќе преземам сè што е во моја надлежност., предупреди Стефквски

Тој уште еднаш апелираше со барање ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје да постапат во рамките на своите надлежности и итно да преземат мерки, со цел жителите на Автокоманда, Ченто, Маџари, Железара и Хиподром да не останат без вода во летните месеци.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top