Македонија

Сиљановска-Давкова на две години од стапување на функцијата: ЕУ ја препозна потребата од гаранции за Македонија

Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право на историја по свое, вели претседателката

Две години по стапувањето на функцијата, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ексклузивно интервју за Македонското радио ја оцени својата работа како успешна во зацврстување на меѓународната видливост на земјата, интегритетот на институцијата и директната комуникација со граѓаните.

„Мислам дека многу работи се движат или се придвижија“, истакна претседателката, посочувајќи дека станала видлива во меѓународните односи, делумно и поради нејзиното долгогодишно искуство во европските институции уште од 1996 година.

Таа го спомена зацврстувањето на интегритетот на претседателската институција преку телата во нејзина надлежност, повторното отворање на Народната (отворена) канцеларија на 14 мај, соработката со Младинскиот совет и успешната конференција „Македонија 2025“.

Главен фокус – евроинтеграциите и бугарското вето

Најголем дел од интервјуто претседателката го посветува на македонските евроинтеграции и наметнатиот билатерален проблем со Бугарија.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата дека „им држи лекции“ на европските претставници, нагласувајќи дека само укажува на двојните стандарди и на потребата од почитување на Копенхашките критериуми и основните вредности на ЕУ.

„Водена од националниот интерес, ама и од правото и правдата, јас само укажувам на неодржливоста на односот кон нас, односно на двојните стандарди“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа се повика на Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права и практиката на Европскиот суд за човекови права, потсетувајќи дека ЕУ треба да го почитува националниот и културниот идентитет на народите.

Претседателката посочи дека прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано и дека барањата за промена на Уставот надвор од европското acquis (правна тековина) се несоодветни.

„Ние ги исполнуваме малцинските права над стандардите на многу земји членки на ЕУ“, додаде таа, спомнувајќи дека Франција и Грција не ги потпишале клучните конвенции за малцинства.

Преспанскиот договор и „pacta sunt servanda“

Сиљановска-Давкова повторно ја потврди својата позиција дека Преспанскиот договор бил спротивен на меѓународното и на македонското право, но истакна дека веќе е реалност.

Сепак, таа нагласи дека договорот јасно го потврдува постоењето на македонскиот народ со своја историја, култура и јазик, што ја оправдува употребата на името Македонија.

„Нема логика ако е pacta sunt servanda, вие треба да бидете сервус… Од нас се бара да градиме со соседот единство на сличности, а секој има право на историја по свое“, рече претседателката.

Таа изрази задоволство што некои европски претставници, како новиот претседател на Европскиот совет Антонио Кошта, кој во Софија зборуваше за потреба од гаранции за Македонија ја препознаваат потребата од гаранции за Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Повреденото дете во училиштето во Ченто е во стабилна, но и во критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека во третманот се вклучени хирурзи од повеќе оддели и се прави се за да се подобри состојбата на детето.

(Фото): Потврдено: Волк се шетал низ Скопје, сега е во карантин во Зоолошката градина

Агенцијата за храна и ветеринарство демантираше дека изјавиле оти заловеното животно во скопската населба Козле е чипиран домашен миленик – куче, кое сопственикот бара да му биде вратено, а не волк како што се претпоставуваше.

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, ќе уследат соодветни кривични пријави

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со возило. Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, тројца од нив предизвикале сообраќајни незгоди, 12 управувале возила без возачка дозвола, а еден возел под дејство на алкохол.

Мицкоски: Како Влада сме за тоа да имаме редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат пролетта 2028 година

Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија Вреди и ЗНАМ функционира искулучително добро. Тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме подготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Министерката Јаневска најавува законски измени, со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување

По инцидентот во основното училиште во Општина Гази Баба, каде што малолетник беше прободен со нож од врсник, министерката за образование, Весна Јаневска побара законски измени за казнување на родителите на децата кои вршат насилство во училиштата. Таа апелираше родителите да покажат поголема грижа кон своите деца, нагласувајќи дека агресивноста не се создава во училиштето, туку децата ја носат однадвор. Јаневска најави враќање на одделенските наставници-воспитувачи и лиценцирање на училишните психолози за поблиска работа со учениците, родителите и наставниците.

To top