Свет

Сите зборуваат за мир, но некој лаже, вели Орбан

Со сомнева во искреноста на западните влади и функционери во Киев кога зборуваат за мир

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повика на директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп, опишувајќи го тоа како единствен реалистичен начин за завршување на конфликтот во Украина, објави 24.hu.

Во интервју за YouTube каналот Ultrahang објавено вчера, Орбан го нарече Трамп „човек на мирот“, но изрази скептицизам во врска со искреноста на другите западни влади и функционери во Киев.

„Сите велат дека сакаат мир, но војната сè уште трае. Тоа значи дека некој лаже“, рече тој, обвинувајќи ги некои страни дека имаат лични интереси во продолжувањето на војната.

„Тие сакаат војната да продолжи, без разлика што велат.

Договорот нема да дојде од Киев. Мора да дојде од Вашингтон и Москва. Дотогаш нема да има мир. Конфликтот нема да заврши сè додека рускиот и американскиот претседател не седнат на преговарачка маса“, рече Орбан.

Тој изрази надеж дека таквата средба би можела да постави основа за широк договор што би ја опфатил не само Украина, туку и глобалната трговија и контрола на оружје.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top