Регион

Грција стравува од прелевање на украинско-руската војна во Медитеранот

Вознемиреност кај јужниот сосед на Македонија по откривањето остатоци на украински поморски дрон кај островот Лефкада

„Грција нема да толерира никакво ширење на војната од Украина кон Медитеранот“, изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, откако остатоци од поморски дрон беа откриени во близина на грчкиот остров Лефкада.

Тој рече дека Средоземното Море мора да остане зона на мир и дека грчките власти ќе се погрижат тоа да не стане нова арена на воени операции, објави „Катимерини“.

Грчките власти се сомневаат дека станува збор за украински камиказе дрон „Мамај“ опремен со експлозиви, кој наводно целел руски брод во Средоземното Море.

Истрагата е сè уште во тек, додека украинската страна негира каква било поврзаност со дронот.

Атина претходно ги информираше сојузниците на НАТО и Европската Унија за инцидентот, изразувајќи страв дека конфликтот во Црното Море би можел да се прелее во Егејското и Средоземното Море.

Најнови вести од: Регион

Србија се обидува да го следи романскиот модел за привлекување на инвестиции од САД

Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД отвора нов простор за нови инвестиции и размена на технологии, вели Ана Драшковиќ, претседател на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, за РТС. Претседателката на Управниот одбор на Американската стопанска комора во Србија, Ана Драшковиќ, изјави за РТС дека стратешкиот дијалог меѓу Србија и Соединетите Американски Држави […]

Завршува ли златниот период за хрватскиот туризам?!

Туристите со поскромен буџет, кои порано доаѓале десет дена, сега го скратуваат својот престој на пет дена за да заштедат пари, додека многумина целосно го заобиколуваат хрватскиот брег, каде што, пивото во продавница чини двојно повеќе отколку во Германија, пренесува Еуроњуз Србија.

Најнови вести

To top