Свет

Во брутален руски напад на Киев убиени 24 лица

Како одговор, украинската војска, по нардба на Зеленски изврши голем напад со беспилотни летала врз воената и енергетската инфраструктура во неколку руски региони синоќа

Украинскит власти објавија дека бројот на жртви од рускиот напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта се искачи на 24, вклучувајќи три деца.

„Спасувачите продолжуваат со деноноќно пребарување на луѓе во урната зграда во областа Дарницки“, се вели во пораката на Телеграм. Претходно беше објавено дека загинале 16 лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи денешниот ден за национален ден на жалост во спомен на жртвите од големиот руски напад врз главниот град.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападот биле користени 1.567 беспилотни летала и 56 ракети од различни видови.

По нападот врз Киев, претседателот Володимир Зеленски изјави дека ѝ наредил на војската да подготви „можни формати на нашиот одговор“.

Украинската војска изврши голем напад со беспилотни летала врз воената и енергетската инфраструктура во неколку руски региони синоќа.

Снимките објавени на социјалните медиуми покажаа огромен пожар во рафинерија за нафта во Рјазан, а руските медиумски канали на Телеграм објавија напади на други локации, објавува The Kyiv Independent.

Најнови вести од: Свет

Рекорден пад на нафтените резерви ширум светот

Резервите на нафта ширум светот се намалуваат со рекордно темпо и ќе продолжат да опаѓаат со месеци, бидејќи нарушувањето на снабдувањето од Блискиот Исток поради војната со Иран се интензивира, според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Дури 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубрива чии патишта се блокирани

Работната група на ОН оцени дека отворањето на теснецот е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи отсуството на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус би можело да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.

To top