Емина Јаховиќ и официјално го одржа својот прв концерт во Македонија по повеќе од 20 години кариера. А публиката, се чини, беше желна да ја види во живо, па во преполната сала на Филхармонија, од втората песна застана на нозе и не престана да игра и пее со неа.

Првиот солистички македонски концерт на балканската поп-дива Емина Јаховиќ, која е по потекло од Нови Пазар, Србија и која слободно може да се пофали и со популарноста во Турција, каде што живее сега, помина повеќе од одлично.

Салата во Македонската филхармонија беше исполнета до последното место, а публиката, иако неочекувано дека ќе биде така, помина феноменално со песните на Емина. Таа самата призна дека не зборува многу, многу на концертите, а тоа што го кажува, навистина е впечатливо кажано. Како, на пример, кога кажа на македонски: „Сите ве сакам!“. Нормално дека публиката ѝ поверува.

Оваа мошне згодна пејачка, зад себе, во приватниот живот, има еден скандалозно неуспешен брак со турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал. Но, тоа е некоја друга приказна. Емина сега живее разведена, во Истанбул, со своите двајца возрасни синови, за кои вели дека го разбираат нивниот развод. Поседува мошне скапа, луксузна куќа, со романтичен поглед на Босфор.

Започна со баладата „Узалуд се трудим“, која, всушност, естрадно ја прослави. Беше облечена во долг розов фустан. Сите ги воодушеви со таквиот имиџ. Потоа се редеа и другите нејзини хитови, но кулминацијата, во вистинска смисла на зборот, се случи кога во придружба на тапанар. Реакциите на присутните беа такви што не може да се опишат со зборови.

Многумина се расплакаа, веројатно понесени од југоносталгичните спомени, додека добар дел од публиката играше на оваа патриотска песна. Емина потоа нè потсети и на хитовите што ги пее во дует со Дино Мерлин, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ.