Македонија

Скопје ќе добие нови 2.600 контејнери, „Комунална хигиена“ 40-тина камиони

Градот е во финална фаза на избор на доставувач на садовите за одлагање отпад, а за камионите веќе има потпишан договор

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави нови 2.600 контејнери за главниот град на Македонија и 40-тина камиони за Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

„Веќе сме во финална фаза на избор на оператор кој треба да обезбеди 2600 нови контејнери за градот Скопје кои во наредниот период ќе ги покријат потребите кои не беа покриени години наназад, но и ќе го сменат и ликот во централното градско подрачје, каде знаете дека има контејнери на кои не им е местото таму. Скопје е град во кој што живеат над 600.000 жители, а ние имаме и голема бројка на туристи кои доаѓаат. Грда е сликата која  ја оставаме и преку тие микро локации каде се поставени контејнерите“, рече Ѓорѓиевски во „Наткаст“ на „Курир“.

Тој напомна дека затекнал состојба во која вработените во „Комунална хигиена“ немале земено три плати, а јавното претпријатие располагало само со 16 функционални камиони и ниту еден контејнер вишок за да може да се промени на одредена микро локација.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top