Македонија

Кој се залага за најмалку 10.000 вработени да останат на улица?!

Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување – се вели во соопштението на Здружение на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.

Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии, служејќи се со популизам, се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат подготвеност да преземат одговорност за крајно штетните последици што ќе следат ако се затвори овој легален економски сектор, се вели во соопштението на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

„Дополнително загрижува фактот што дежурните критичари на игрите на среќа ги игнорираат примерите од соседството, кои потврдуваат дека секој радикален пристап по автоматизам предизвикува диви играчници, каде младината е под далеку поголем ризик, а државата ја губи контролата.

Непосреден повод за оваа наша реакција е најавите дека политичката партија „Левица“ во Собранието ќе предложи затворање на легалните објекти за организирање игри на среќа секаде, освен на граничните премини. Како здружение сме зачудени како една политичка партија која прокламира левичарска идеологија и врвна грижа за работниците, се залага најмалку 10 илјади луѓе да ги изгубат работните места и да останат на улица. Ова се човечки судбини, македонски семејства кои веднаш стануваат кандидати за нови иселеници во западните земји. Наместо да застанат во наша одбрана, се обидуваат да не жртвуваат во нивните дневно-политички математики. За нас ова е големо разочарување. Економскиот сектор игри на среќа вкупно гледано е најголемиот приватен работодавец во Македонија. Индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места. Годишните буџетски приливи од легалните игри на среќа одамна надмина 350 милиони евра што е најмалку 6 проценти од приливите на приходната страна на Буџетот. Дел од овие средства сигурно се трошат и за платите на професионалните политичари и за финансирање на политичките партии.

Ние сме подготвени со сите демократски средства да се бориме против голиот политички популизам кој е последица на постојаната негативна кампања против легалните игри на среќа, зад која не стои вистинска грижа за младината, туку бизнис интереси и нечија желба да се печали од играње на црно по подруми како во 90-те години на минатиот век“ – се вели во соопштението на Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top