Македонија

По „Вистината за Македонија“ на Заев, Филипче со „Фронт за вистина и правда“

Фронтот ќе се базира на четири столба, од кои клучен е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност

Единаесет години по „Вистината за Македонија“ на неговиот претходник Зоран Заев, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави „Фронт за вистина и правда“.

Нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард и силно село и земјодолци се столбовите на Фронтот, кој Филипче го претстави на прес-конференција.

Клучниот столб на кој се темели програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност и опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство.

Во рамките на овој столб, предвидено е основање на национална антикорупциска дирекција според моделот на романскиот ДНА, потоа целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел, задолжителна електронска декларација на имот, како и заштита и награда за свиркачи и регистар на црни листи.

„Граѓанин или вработен кој ќе пријави корупција добива 5 до 15% од вратените пари, плус целосна заштита на идентитетот и неговото работно место. Има анонимен онлајн канал, а моделот е по примерот на Естонија и САД. Со јавниот регистар на црни листи, секој осуден за корупција трајно се забранува да врши јавна функција или да учествува на државни тендерски постапки, ќе следуваат строги казни и конфискација на имот. Регистрот ќе биде јавно достапен онлајн. Моделот од естонската и од романската пракса“, објасни Филипче.

 

Најнови вести од: Македонија

Спасовски да ги изнесе обвинувањата против мене надвор од Собранието и да приложи докази, рече Митева по низата обвинувања

Пратеничката Марија Митева реагира на изјавите на Оливер Спасовски од собраниската говорница, обвинувајќи го дека нејзиното име го поврзува со политички конструкции со цел да ја дискредитира.

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

„Ценовното лудило“ со станбениот квадрат продолжува, но и побарувачката на станови, особено во Скопје и Охрид

Цените на недвижностите во Македонија вртоглаво растат, особено во Скопје и Охрид, ама не стивнува ниту интересот за купување станови. Високите цени на недвижнините во Македонија, особено во Скопје и во Охрид се одредени од повеќе чинители: скапи парцели за градба, ограничена понуда на атрактивни локации, инвестициско купување уште на почетокот на градбата, оптек на многу кеш, односно „црни пари“…

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Царинските службеници опремени со телесни камери

Системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамките на кривичниот оддел при Министерството за правда на САД, денеска официјално беше промовиран на граничниот премин Табановце

Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината

Планираме и ние во втора фаза, покрај дата-центарот, да изградиме и фотонапонска централа, со која од 30 до 40 проценти од потрошувачката на електрична енергија ќе ја искористиме од фотонапонската централа – изјави Андоновски

Најнови вести

To top