Македонија

Сите видови на горива поскапуваат за 2 и за 2,5 денари

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 87 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се зголемува за 2,5 денари, односно ќе се продава по цена од 89 денари. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 2,5 денари

Регултароната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Сите видови на горива поскапуваат за 2 и за 2,5 денари.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 2 денари, и од утре ќе изнесува 87 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се зголемува за 2,5 денари, односно ќе се продава по цена од 89 денари. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 2,5 денари, односно ќе се продава за 92 денари по литар.

Екстралесното масло поевтинува и од утре ќе се продава по цена од 93,5 денари. Мазутот поскапува за 0,8 денари, односно неговата цена ќе биде 50,8 денари.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Вози како да е нормално во спротивна насока среде Партизанска – автомобилот и покрај се продолжува да вози

На видеото се гледа како возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, а потоа повторно забрзува. Се очекува МВР да соопшти дали прекршокот е регистриран преку „Безбеден град“.

To top