Свет

Макдонското друштво „Илинден“ -Тирана одбележува значаен јубилеј

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана денеска одбележува десет години членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. „Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција, во организација на Федерацијата на западно тракиски Турци во […]

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана денеска одбележува десет години членство во Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа.

„Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција, во организација на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружението на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир, како и партијата на турското малцинство во Грција“, рече за МИА претседателот Никола Ѓурѓај.

Од тогаш до денес, додаде, друштвото дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија.

Исто така континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

-Во овие десет години редовно учествуваме на сите конгреси на унијата, на кои поднесовме резолуции, чија содржина и цел беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа усвоени. Тие се пратени до државните албански и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија, посочи тој.

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓународната сцена.

-Во оваа прилика упатуваме искрена благодарност до раководството на ФУЕН за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија. Голема благодарност и до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада и претседателот Бил Николов, за помошта што ни ја дава за намирување на годишната членарина за да можеме да бидеме рамноправен член во оваа асоцијација, нагласува тој.

Ѓурѓај посакува да се множат „јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во Европа“.

Најнови вести од: Свет

Украина може да банкротира по Нова Година

Европските земји се обидуваат да смислат „план Б“ за да спречат Украина да остане без готовина на почетокот на следната година, во случај договорот за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на воените напори на Киев да пропадне

(Фото): „Животното што пукаше ќе плати висока цена“ – Трамп проговори за пукањето во близина на Белата Куќа

Двајца припадници на Националната гарда се застрелани во Вашингтон, само неколку блока оддалечени од Белата куќа, соопшти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем. Пукањето се случило во областа во близина на метро станицата Фаргат, недалеку од Белата куќа. Засега не е познато во каква здравствена состојба се ранетите војници, објавува Гардијан.

Европскиот парламент бара минимум 16 години за користење на социјални мрежи

Европскиот парламент вчера усвои значајна, иако не обврзувачка резолуција, со која директно бара воведување минимална возраст од 16 години за пристап до социјалните мрежи, освен со експлицитна согласност од родители или старатели.

Најнови вести

To top