Македонија

Лефков: Зошто Советот на јавни обвинители молчи за прекинот на случајот „Мазут“, еден од најголемите енергетски скандали во историјата на Македонија?!

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот, но доволно беше за Коларевиќ и Абази, некој од врхушките на СДС и ДУИ, да им соопшти дека треба да се прекине со обвинителската постапка.“ – посочи пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Натаму Лефков наведува: Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС, на пример, нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии. Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката. Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство.

Дали има финансиски мотиви со кои Коларевиќ и Абази молчат и дали заради тоа ја запреа постапката? Зошто СДС не го осуди овој случај и не го повика Васко Ковачевски да се врати во Македонија? Зошто Советот на јавни обвинители молчи и не истражи дали е постапено според сите процедури во овој најголем финансиски случај во енергетиката? Правда мора да има. Обвинителството не смее да биде засолниште за кадрите на СДС и ДУИ, порачува пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ.



Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top