Македонија

Петир: Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на билатерални спорови!

Националниот идентитет, јазикот и историјата не смеат да бидат предмет на политичко условување, вели хрватската пратеничка

Хрватската пратеничка и пријателка на Македонија, Маријана Петир, уште еднаш ја поддржа македонската евроинтеграција, истовремено осудувајќи ги билатералните пречки на патот кон Европската унија.

„Ми беше чест да учествувам на тркалезната маса насловена ‘Патот на Македонија кон Европската Унија и хрватското искуство’, заедно со дипломатите Владимир Дробњак и Емил Крстевски, амбасадорот Златко Крамариќ и аналитичарот Мирче Адамчевски.

Веќе 21 година Македонија чека да се оствари нејзината европска перспектива. Таа спроведе бројни реформи и се согласи на тешки компромиси – вклучително и промена на името на државата – но сепак, нејзиниот европски пат останува блокиран.
За време на мојот мандат како пратеник во Европскиот парламент, ја основав и ја предводев групата ‘Пријатели на Македонија’, залагајќи се за европскиот пат на земјата, заемното разбирање и почитувањето на македонскиот идентитет.

Европската Унија не смее да применува двојни стандарди! Билатералните прашања не треба да бидат пречка за европската интеграција, а националниот идентитет, јазикот и историјата не смеат да бидат предмет на политичко условување.

Македонија не бара посебни привилегии, туку правичен третман. Хрватска била и останува нејзин искрен пријател!“, порача Петир преку социјалните мрежи.

Тркалезната маса беше организирана од „Хрватско-македонска тангента“ и од Хрватската паневропска унија, под покровителство на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

To top