Македонија

(Фото): Кисела Вода доби современ едукативно терапевтски центар

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека во населбата Црниче бил отворен новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“- современа и специјализирана социјална услуга наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни, интелектуални и говорни тешкотии.

Во населбата Црниче, Општина Кисела Вода, започна со работа новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“. Овој центар нуди нова, современа и специјализирана социјална услуга, наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни и интелектуални тешкотии, специфични тешкотии во учењето и говорно-јазични потешкотии. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, преку логопедски и дефектолошки третмани. Услугата е целосно бесплатна, а ќе ја добиваат децата кои поседуваат соодветна медицинска документација, согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

На отворањето присуствуваа градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски. Новата социјална услуга е воспоставена токму преку соработката на Општина Кисела Вода и здружението „Ајнштајн“ како грантисти, а во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на министерството за социјална политика, демографија и млади , поддржан од Светската банка.

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека со ова се решава голем проблем за семејствата кои имаат потреба од ваков тип на стручна помош, а притоа се потпиша и важен меморандум за наставниот кадар во општината.

  • Денес, тука, во населбата Црниче го отвораме Едукативно-терапевтскиот центар „Ајнштајн“, со што обезбедуваме нова, специјализирана социјална услуга во нашата општина. Овој центар е резултат на проект за кој Општина Кисела Вода и Здружението за дислексија „Ајнштајн“ заеднички аплицираа, во рамки на програмата за подобрување на социјалните услуги на ресорното министерство, финансирана од Светската банка. Центарот ќе нуди секојдневна поддршка, логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни, интелектуални и говорни тешкотии. Исклучително важно е што овие стручни третмани ќе бидат бесплатни и целосно достапни за децата од социјално ранливите семејства, кои вообичаено немаат можност за приватни услуги.

Истовремено, со здружението „Ајнштајн“ денес потпишавме и Меморандум за соработка за имплементација на Еразмус+ проектот „DysAcademy“. Со оваа соработка, во директно партнерство со нашите основни училишта, обезбедуваме бесплатен пристап до оваа регионална онлајн едукативна платформа за наставниот кадар од сите училишта на територијата на Кисела Вода. На овој начин, покрај бесплатните третмани за учениците, ние системски им овозможуваме на наставниците и стручните соработници конкретни алатки и обуки за препознавање и работа со деца кои се соочуваат со дислексија, дисграфија или ADHD.

Овие чекори овозможуваат конкретна поддршка на локално ниво и за децата и за образовниот систем. Му благодарам на заменик-министерот Велковски за поддршката од министерството, на Здружението „Ајнштајн“ му го честитам отворањето, а на стручниот тим му посакувам успешна работа.изјави Стаменкоска Трајкоска.

Заменикот-министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, потсети дека ова е веќе втор ваков наменски дневен центар што се отвора на територијата на Кисела Вода во текот на само една недела.

  • Така треба и да продолжиме, со заедничка соработка на општинската и централната власт. Министерството обезбедува поддршка за вкупно 98 управни договори кои оваа година се склучени токму за ваква намена- дневен престој за дечиња, поддршка на асистенти, лични асистенти за стари лица и дневен престој за стари лица. Ова се проекти што директно се финансирани од страна на Министерството како услуги што ги даваме и како продолжена рака на овие луѓе кои навистина знаат како на современ, модерен начин да ги згрижат дечињата и тоа е навистина успех за сите нас во државата. Овие дечиња навистина заслужуваат шанса својот потенцијал да го изразат на најдобар начин токму тука- истакна Велковски.

Претседателот на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, Дамјан Николовски, нагласи дека паралелно со третманите за децата, неопходно е и континуирано вложување во стручните лица во образовниот систем.

  • Овој Центар во соработка, со Општина Кисела Вода преку поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска Банка, ќе обезбеди индивидуализирани логопедски и дефектолошки третмани, професионална поддршка за децата и родителите, како и соработка со училиштата и институциите. Особено ни е важно што услугите ќе бидат бесплатно достапни и за деца од социјално ранливи семејства, затоа што поддршката не смее да зависи од финансиската состојба на семејството.

Дополнително, преку денешниот Меморандум за соработка со Општина Кисела Вода и имплементацијата на Erasmus+ проектот DysAcademy, правиме уште еден важен чекор- вложуваме и во наставниците. Затоа што без обучени наставници и стручни соработници, инклузијата останува само формална заложба на хартија- изјави Дамјан Николовски , Претседател на Здружението за дислексија “Ајнштајн”.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

Најнови вести

To top