Македонија

Мечка се „прошета“ по битолските улици (ВИДЕО)

Мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането и според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години

Жители на Битола снимиле мечка како се движи на улицата „Македонска фаланга“, во близина на градското шеталиште, Под Тумбе Кафе, кај стадионот во Битола.

Граѓаните изразуваат загриженост и повикуваат надлежните институции да преземат мерки за да се избегнат несакани инциденти, а во дел од објавите се повикува и директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола потврдиле дека случајот е пријавен во полиција.

Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е заштитен вид и нејзиното ловење е строго забрането. Дополнително, член 14 од истиот закон трајно ја забранува можноста за лов на мечки, без исклучоци.

Според Кривичниот законик, ловењето дивеч под заштита, како што е мечката, се казнува со затворска казна од една до пет години.

Во врска со “прошетката“ на дивото животно, на социјалните мрежи реагираше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој меѓу другото потсети:

Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 во Центарот за управување со кризи е од денешните рани утрински часови за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола.

Од страна на институциите бев известен дека во тек се со актуелната состојба.
Изминатите години во овој регион исто така имало пријави и случаи каде биле нанесувани материјални штети од мечки кои согласно законите се под трајна заштита“.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Се реализираат над 1200 проекти во сите општини: за автопатишта, училишта, болници и градинки

Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса.

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност – Целта е да добие институционална заштита

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“ истакна дека спроведувањето на овој закон е обврска на сите институции и оти неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра.

To top